Трговија на мало

GS1 има долга историја во оваа индустрија, а уникатното „бип“на GS1 бар кодовите се слуша во продавниците повеќе од 5 милијарди пати дневно. Денес постојат различни начини кои ги користат потрошувачите за набавка на потребните продукти, но сепак потрошувачите бараат еден гладок продажен канал, канал кој ќе ги достави продуктите кои ги бараат во нивните домови. Потрошувачите создаваат „сопствен синџир на снабдување“ со храна, облека, електрични уреди и.т.н. – GS1 стандардите можат да помогнат.

Индустриите од овој сектор се во постојана трка за задоволување на барањата на корисниците, GS1 стандардите претставуваат основ за задоволување на овие барања

Постои причина поради која нашите стандарди се најупотребувани стандарди во индустријата на трговија на мало ширум светот. Низ годините им имаме помогнато на илјадници трговци и на нивните снабдувачи за прибирање и споделување на точни информации за нивните продукти, од изворот до потрошувачите. Им помагаме во поедноставување и во зголемување на ефикасноста на синџирот на снабдување, во управувањето со средствата и во зголемувањето на достапноста на нивните продукти на полиците во маркетите – секогаш кога потрошувачите ги бараат.

Резултат? Задоволни корисници, зголемен профит и значителни заштеди.

Потсектори