Управување со готовина

Готовината е крал и останува дел од секојдневниот живот и покрај големиот број на нови методи на плаќање. Иако прифатеноста на готовината варира од земја до земја, сепак и во иднина голем процент од трансакциите ќе се одвиваат во готовина. Денес 80% од трансакциите се одвиваат во готовина.
Движењето на готовината од едно на друго место е од витално значење за банките, трговците и транспортерите на готовина. GS1 им помага на операторите со готовина да зборуваат на ист јазик преку обезбедување на стандарди за интероперабилност и следливост на готовината за време на сите операции поврзани со готовина.

Транспортот на готовината е од витално значење за бизнисот.

Слично како што потрошувачите знаат каде се нивните пакети во одредено време додека трае нивниот транспорт, така Вашата организација треба да биде во можност да го знае истото и за својата готовина. Транспорт на готовина имаме на пример кога комерцијалните банки подигнуваат или враќаат готовина во трезорот на Народна Банка или кога комерцијалните банки дополнуваат готовина во банкоматите.

GS1 организациите ширум светот ги поддржуваат Народните банки во развојот и имплементацијата на GS1 стандардите. Процесот на размена на готовина меѓу банките се состои од различни процеси за нарачка, прием и достава на книжни и ковани пари.

Во овој процес вклучени се различни учесници кои имаат една цел и грижа, а тоа е обезбедување на високо безбедни и сигурни деловни трансакции. Употребата на GS1 стандардите ја подобрува ефикасноста, безбедноста и транспарентноста на сите процеси применети при ракувањето со готовина. Овие бенефити се потврдени и од Европската централана банка во 2012 година и запишани во GUIDELINE OF THE EUROPEAN CENTRAL BANK of 20 July 2012 on the Data Exchange for Cash Services (ECB/2012/16).

Народните банки на секоја земја имаат контрола на вкупната количина на готовина која што е во оптек и меѓу другото имаат право да ослободат одредена сума на готовина кон комерцијалните банки ако истите останат без готовина. Обратно кога на пазарот, односно кај комерцијалните банки се појавуваат вишоци на готовина, народните банки имаат право тие вишоци да ги повлечат од оптек. Од претходно изложеното може да се заклучи дека готовината константно патува меѓу комерцијалните банки и Народна банка.

Важно е да се спомне дека готовинските трансакции не се одвиваат само меѓу Народна банка и комерцијалните банки туку и меѓу комерцијалните банки и правните лица, како и во рамките на самите правни лица. Така на пример во трговските центри секој ден се прибираат огромни количини на готовина и таа готовина мора да биде однесена во банка.

Транспорт на готовина постои и во рамките на една компанија од седиштето до истурените канцеларии како не пример од седиште на една нафтена компанија до сопствените бензински пумпи и обратно, како и од компаниите до комерцијалните банки и обратно.

Предноста од имплементирањето на GS1 стандардите во рамките на комерцијалните банки и нивните комитенти е тоа што комерцијалните банки знаат точно колку готовина ќе добијат во текот на еден ден пред физички да ја добијат таа готовина. Овој бенефит им овозможува на комерцијалните банки да ги пласираат средствата на пазар и пред истите физички да ги добијат.

Воведувањето на стандардите на GS1 за управување со готовина е независно од употребуваната валута, организациона единица или територија на која овој стандард ќе се имплементира. Во однос на безбедноста, одговорни се самите банки и/или правни лица во кои GS1 стандардот се имплементира. Сите банки имаат имплементирано некаков системи за електронска комуникација во кои имаат имплементирано безбедносни мерки и процедури, GS1 стандардите вршат стандардизација и оптимизација на електронската комуникацијата и начините на управување со готовина.

Во овој контекст, глобалните и повеќе секторски GS1 стандарди во процесот на размена на готовина придонесуваат за:

  • Зголемена веродостојност при физичкото следење на единиците со готовина
  • Оптимизирање и стандардизирање на пораките кои се разменуваат меѓу операторите со готовина
  • Елиминирање на дупликат влезови
  • Намалува на потребното време за подготовка, испорака и прием на готовина
  • Подобрување на следливоста, а тоа придонесува за зголемување на безбедноста на клиентите
  • Зголемување на сигурноста и оптимизирање на залихите
  • Подобрување на квалитетот на услугите
  • Овозможување на автоматско запишување на податоците со цел да се обезбеди подобар квалитет на информациите

За повеќе информации за GS1 системот и/или негова имплементација во Вашата организација контактирајте не, нашите вработени со задоволство ќе Ви го презентираат GS1 системот и неговата примена кај операторите со готовина.

Употреба на GS1 стандардите во ракувањето со готовина