Транспорт и логистика

Како производител, трговец или шпедиција, Вие треба да знаете точно каде се вашите пратки на добра во секој момент, од каде тие доаѓаат и кога и каде истите ќе пристигнат. Користењето на GS1 стандардите дава точни и навремени информации за целокупното движење на добрата, а тоа Ви овозможува Вам да донесете добри одлуки за вашиот бизнис.

GS1 стандардите можат да го намалат времето на испорака за цели 74%

Транспортот и логистиката имаат значајна улога во ланецот на снабдување и денес не постои ни една транспортна или логистичка фирма која може ефикасно да работи без имплементирани информатички технологии и размена на електронски податоци. GS1 има изработено група на препознатливи стандарди кои се применуваат во секторите транспорт и здравство. Решението опфаќа стандарди за бар кодирање и комуникација:

  • Сериски код на контејнер (SSCC) за уникатно обележување на логистичките единици ширум светот,
  • Стандарди за размена на бизнис пораки XML и EANCOM формат,
  • Aпликациски идентификатори (AI) посебно развиени за идентификација на логистички единици и тоа AI (402) и AI (401) како и апликациски идентификатори кои се поврзани со идентификација на локација.

Транспортните и фирмите кои се занимаваат со логистика се стекнуваат со конкурентска предност со примената на GS1 стандардот во своето работење. Користа за фирмите е во тоа што се зголемува нивната ефикасност, се зголемува прегледноста при следење на испораката, поефикасно се користи инвентарот и основните средства за работа, се зголемува безбедноста на дистрибуцијата и работата се завршува во пократок рок.

GS1 стандардите во транспортот и логистиката: