Кратка содржина:
Истражувачите заклучиле „Имплементирањето на еден глобален стандард низ целиот
здравствен синџир на набавка може да спаси 22. 000 – 43. 000 животи и да се избегне
инвалидитет кај 0,7 милиони до 1,4 милион пациенти”
Во однос на фалсификувањето на медикаментите, кој е еден голем проблем, проблем
кој постојано се зголемува и проширува, за јавното здравство и здравствената индустрија,
во извештајот е заклучено „Воведувањето на овој систем базиран на стандарди
глобално може да спречи одлевање на десетици милиони долари, пари што би отишле
за набавка на фалсификувани медикаменти, од севкупниот легитимен синџир на набавка
на тие медикаменти”
Во исто време се изјавува дека „глобалниот стандард може да обезбеди безбедносен
бенефит и намалување на трошоците во здравство ширум светот од 40 до 100 милијарди
долари”. Штом овој стандард се прифати и имплементира неговите благодети
и бенефити веднаш ќе ги почувствуваат сите учесници во здравствениот синџир од производителите
до пациентите.
„Во моментот трошоците кај здравствената индустрија постојано се зголемуваат, тоа
зголемување е многу поголемо од зголемувањето на стандардот на живот на крајните
корисници, и тоа ќе биде тренд и во иднина. Прифаќањето на еден глобален стандард
е далеку поефективно и поисплатливо од паралелно имплементирање и одржување на два,
три и повеќе стандарди".
Видео презентација на извештајот на McKinesy - Katy George, директор на McKinesy: