Фирми кои не се членки на GS1 Македонија, имаат право да аплицираат за одреден капацитет на GLN-ови. При доделувањето, покрај надоместок за користење на GLN број, согласно капацитетот, даден во табелата, кој се плаќа секоја година, имаат обврска од еднократна уплата од 3000,00 денари плус ДДВ 18% за административни трошоци и упис во националниот и меѓународниот GLN регистар.
GLN (Глобални локациски броеви) се доделуваат со цел идентификување на локации и фирмите на кои им се доделува одреден капацитет на GLN-ови, немаат право со нив да означуваат производи.
Сите горе наведени износи се уплатуваат на жиро сметката на GS1 Македонија 200002024739774-депонент Стопанска банка АД-Скопје.