СОДРЖИНА
Внесен 2000-тиот производ во GS1 Каталогот
Податоци надвор од етикетата: Обезбедување дигитални информации во кои потрошувачите може да веруваат
|
Внесен 2000-тиот производ во GS1 Каталогот
    Новиот проект на GS1 Македонија – електронскиот каталог на производи
означени со македонски бар код ја достигна својата првична цел – внесувањето на
над 2000 производ. По првичната тест фаза, проектот започна со својата имплементација
во септември 2014 година и за само 4 месеци успеа да ја достигне бројката од 2000
производи.
    Благодарение на посветеноста на над 200 македонски компании, беа внесени опширни податоци за нивните бренд производи следејќи ги меѓународните GS1 стандарди и се овозможи подигнување на GS1 стандардите на повисоко ниво во сопствените држави.
    Освен основните податоци за производот (бар кодот, производителот, името на производот, слика), следејќи ги меѓународните GS1 стандарди и ЕУ регулативите, во каталогот се содржат дополнителни податоци за производот како што се:
- рок на употреба
- состојки
- нутритивен состав
- алергенси
- упатства за употреба, користење и припрема
- димензии и тежини на производот
- класификација на производот по меѓународниот систем на класификација на производите GPC (Global Product Classification)
    Секој заинтересиран купувач може да пристапи до податоците за производите преку:
http://www.gs1katalog.mk
    Се повикуваат сите компании, членки на GS1 Македонија, да ја искористат оваа шанса за промоција на своите производи и да започнат со внесувањето на податоците уште денес.
    Од проектот се очекуваат бенефити за сите учесници во него – почнувајќи од производителите до крајните потрошувачи:
- Компаниите без разлика на својата големина (мали и големи) ќе може да ги популаризираат своите производи и да ја зголемат видливоста на своите производи, кои ќе бидат опишани по признати светски GS1 стандарди;
- Извозните компании (особено компаниите кои извезуваат во земјите од Европската унија) ќе може да го користат каталогот како начин за исполнување на EU 1169/2011 регулативата, која ќе биде задолжителна од 2015 година;
- Малите компании без информациони системи, ќе може да го користат електронскиот каталог за менаџирање на податоците за своите производи;
- Дистрибутивните куќи и маркетите ќе можат да ги добиваат податоците за сите нови производи во структуриран начин и истите да ги користат автоматски во нивниот систем;
- Податоците остануваат во сопственост на GS1 организациите, а не во сопственост на IT куќа – провајдер;
- Крајните потрошувачи ќе имаат пристап до точни и ажурирани податоци преку дигиталните канали за комуникација.
|