GS1 EDI обезбедува глобален стандард за електронска размена на деловни пораки кои
ќе дозволат автоматизација на деловните трансакции кои секојдневно се појавуваат
во целиот синџир на снабдување.
Го покрива израмнувањето на мастер податоците, порачка, достава, управување со финансиските
трансакции како и управување со транспортот, логистиката и магацините. Главни деловни
партнери во оваа поле се трговците на мало, производителите, добавувачите на материјали
и логистичките сервис провајдери.
GGS1 во
моментов располага со три сета на комплементарни EDI стандарди:
Овие стандарди се имплементирани паралелно од различни корисници, сепак XML стандардите
се подобро адаптирани за размена на информации користејќи ги интернет базираните
технологии.
Кој ги користи GS1 EDI стандардите?
GS1 Глобалната канцеларија еднаш годишно спроведува анкета која има за цел да даде
одговор на употребата на EDI ширум светот. Во оваа анкета се мери имплементацијата
на EDI стандардите во земјите каде има GS1 национални организации.
Резултатите се дадени во две верзии:
Дали знаете дека во 2015
- GS1 EANCOM стандардите беа имплементирани во повеќе од 100,000 компании од 43 земји
- GS1 XML стандардите беа имплементирани во повеќе од 35,000 компании од 33 земји
- Најчесто користените пораки се: нарачка, фактура и испратница