Примерок на број на производ поврзан со податоци од база
Во последните 20 години со значителниот развој на мобилните уреди се овозможи развој на голем број апликациции кои се користат за автентификација на бар кодовите. Една од ваквите употреби е користењето на SMS решенија за верификација на информациите кои се наоѓаат на фармацевтските производи со податоците кои се содржани во база на податоци.
Најчесто производителот поставува број на пакувањето на производот, кој што пациентот/купувачот може да го испрати преку SMS и да добие повратна SMS порака која потврдува дали производот на кој што е нанесен тој број е верификуван или не.
Користењето на SMS решенија во здравствениот сектори и нивните потенцијални бенефити, според GS1 Здравство, би можеле да бидат корисни во блиска иднина. Голем број софтверски компании развиваат сопствени системи, кои користат SMS автентификација и кои се прифатени од одреден број производители и трговци на големо, особено во земјите со низок или среден годишен приход.
Ваквите земји најчесто се изворот или крајниот потрошувач на фалсификувани лекови. Поради тоа намалувањето и детекцијата на фалсификуваните лекови мора да биде клучен приоритет при развојот и употребата на мобилните автентификациони решенија.
Иако овие решенија се добри за специфични лекови во специфични земји, сепак ваквите мобилни решенија не се скалабилни
на пошироко регионално или глобално ниво и не ги следат глобал-
ните стандарди. GS1 Здравство ги прифаќа софтверските решенија базирани на SMS автентификација како една од неколкуте
можни технологии кои ќе можат да ја зголемат веројатноста пациентот да го добие вистинскиот лек. Сепак, предупредува дека поради фактот што имаме ограничено прифаќање на SMS решенијата
до денес во здравствениот сектор, јачината и робустноста на овие
решенија сеуште не може да се демонстрира преку реални примери.
Дополнително, во пракса производителите најчесто немаат
доволно технички предзнаења за начинот на кој што се користат овие
апликации или кои се кодовите за различни типови на примарни и секундарни пакувања.
Поради тоа, беше заклучено дека не би било во интерес на пациентите доколку било кој регулатор или владино тело го прифати користењето на SMS технологијата за верификациони потреби доколку за нејзиното користење не постојат строги регулациони правила.