Едукација во GS1 глобалната канцеларија во
Брисел со наслов:„GS1 DataMatrix работилница за експерти“
Во организација на GS1 GO (GS1 Global Office), во Брисел на 11
и 12 Март 2014, беше организиран работилница со наслов „GS1 DataMatrix работилница
за експерти“
На работилницата учествуваа вкупно 11 претставници и тоа од Белгија
и Луксембург, Данска, Македонија, Египет, Монголија и од Глобалната канцеларија
на GS1 во Брисел. Тренер беше Ilteris Oney – проект менаџер од GO, Брисел.
Претставникот од GS1 Македонија, М-р Александар Кедијоски, со
сите претставници размени контакти кои можат да се искористат за идна соработка
или добивање на потребни информации од горенаведените земји за имплементација на
GS1 стандардите и се стекна со дополнителни знаења кои ќе послужат за идните едукативните
активности за членките на GS1 Македонија. Работилницата траеше два дена.
Прв ден (11 Март 2014) – запознавање со структурата на GS1 DataMatrix,
изработка, печатење и воспоставување на верификациони сервиси за 2D симболите
Првиот ден беа обработени следните содржини:
- Вовед во бар-кодови и скенирање,
- GS1 DataMatrix структура,
- Micro scan презентација,
- Креирање и печатење на DataMatrix и дискусија на шаблон документот за верификација.
Втор ден (12 Март 2014) – споредба на GS1 DataMatrix и GS1 QR
Code, решавање на гранични оцени од верификација, примена на GS1 DataMatrix и сертификација
Вториот ден беа обработени следните содржини:
- Верификација на креираниот DataMatrix со LVS верификатор и дискусија за параметрите
добиени од верификацијата,
- Споредба на GS1 DataMatrix и GS1 QR Code
- Примена на GS1 DataMatrix (Здравство, Нова генерација на PID)
- Тестирање и сертификација
Целта на GS1 е во наредните 10 години целосно да се премине кон
примена на претходно наведени бар код симболи, тоа ќе го прават преку пилот проекти,
а каде што може ќе интервенираат тоа да се стави во закон.
Тестирање и сертификација
На крајот од оваа сесија се спроведе тест и сите учесници се стекаа со „GS1 Сертификати за DataMatrix експерти“.
|