Обезбедете ја вашата LEI регистрација и финансиски трансакции со GS1 Македонија.

Без LEI, нема трговија. Дали сте подготвени за MiFID II регулативата на ЕУ?
Исполнете ги глобалните регулаторни барања во финансискиот сектор со користење на GS1 LEI услугата.

LEI Registration Service by GS1

Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) ja идентификува вашата компанија при изведувањето на финансиските трансакции и ви помага полесно и попаметно да донесете одлука со кого да правите бизнис договори.

Аплицирајте електронски за добивање LEI број >>

Први шест правни субјекти кои имаат добиено и обновено LEI броеви преку GS1 Македонија:

Зошто да ја одберете GS1 Македонија како ваш Локален Агент за посредување во добивање на LEI број?

GS1 Македонија како посредник на GS1 GO може да Ви помогне во добивањето, префрлањето и обновувањето на Вашиот LEI број. GS1 Македонија од 1-ви Јануари 2019 e ПРВ акредитиран локален Агент за Регистрација за добивање на Идентификационен број за правните субјекти (LEI) на територијата на Република Македонија.GS1 e GLEIF (Global Legal Entity Identifier Foundation) акредитиран издавач на LEI, глобално.

Бенефити од користењето на GS1 LEI сервисите преку GS1 Македонија

Глобален издавач со локална поддршка

GS1 Македонија е една од 112 национални GS1 организации која ќе Ви пружи локална поддршка, со професионален кадар за проверка на податоци, познавање на локалните закони и регулативи.

Едноставен и јасен процес за добивање на LEI

Процесот за добивање на LEI број се изведува во три едноставни чекори - креирање на кориснички профил, пополнување он-лајн формулар и добивање на LEI број за максимум 72 часа* од аплицирањето.

Едноставен, бесплатен LEI трансфер

Доколку веќе поседувате LEI број, а сте незадоволни од услугата и поддршката што ја добивате од постојниот LEI издавач, GS1 Македонија може да ви помогне БЕСПЛАТНО да го префрлите вашиот постоечки LEI број во GS1.

Конкурентни пазарни цени

Цената за издавање на LEI број во GS1 e 89 ЕУР* еднократно за првата година од издавањето на бројот. LEI бројот е валиден една година од датумот на издавање, цената за обнова на LEI број е 59 ЕУР.

Аплицирајте електронски за добивање LEI број

Често поставувани прашања?

Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) е 20-цифрен алфа-нумерички код базиран на ISO стандардот број 17442 развиен од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Овој код се поврзува со клучните податоци кои овозможуваат прецизно и единствено идентификување на правните субјекти кои имаат учество во финансиски трансакции. Едноставно кажано, јавно достапната база на податоци за LEI кодови може да се смета како глобален регистар за LEI, кој дополнително би ја зголемило транспарентноста на глобалниот пазар.

За GLEIF

  • Глобалната LEI фондација (GLEIF) е непрофитна швајцарска фондација основана во Јуни 2014 година од бордот за финансиска стабилност (FSB) со цел да дава поддршка во имплементацијата Идентификациониот број за правните субјекти (LEI).
  • GLEIF фондацијата е контролирана од Комитет за регулаторен надзор на LEI кој го сочинуваат 70 глобални регулатори
  • Фондацијата GLEIF дава акредитации и управува со мрежата на комерцијални LEI издавачки партнери или локални оперативни единици (LOUs)

Функции на GLEIF

  1. Креатор на правила: предлага, дефинира, издава и наложува употреба на униформни оперативни и технички стандарди и протоколи во светски рамки за LEI и LEI референтите податоци.
  2. Операции: обезбедува техничка инфраструктура неопходна за обединување на LEI информациите објавени од локалните оперативни единици и ги прави јавно достапни на www.gleif.org во делот Global LEI Index
  3. Мониторинг: акредитира локални операциони единици и го мониторира нивното функционирање. GLEIF месечно објавува извештај за квалитетот на LEI податоците со објавување на клучни статистички податоци.
  4. Комуникација: сите релевантни документи ги прави достапни на www.gleif.org

Употребата на LEI е наложена од страна на Европската регулаторна институција, надлежна за надзор и усогласеност во работењето со хартиите од вредност и финансиските пазари (ESMA-European Securities and Markets Authority), со цел да се врши известување за трансакциите поврзани со тргувањето со деривативи до овластените депозитари на деривативни инструменти со кои се тргува преку шалтер, согласно Европската регулатива за пазарна инфраструктура (European Market Infrastructure Regulation-EMIR), надлежна за супервизија на тргувањето со финансиски деривативи кое не се одвива на официјален пазар.

Според регулативите MiFID II и Регулативата за спречување на злоупотреба на пазарот, операторите се обврзани да обезбедат LEI код за секој издавач на хартии од вредност кои се предмет на тргување. Брокерските куќи ќе бидат обврзани да обезбедат LEI код за своите клиенти кои ги исполнуваат условите за LEI и чии хартии од вредност се предмет на тргување, во спротивно ваквите трговски трансакции нема да бидат спроведени.

Дополнително, задолжителното поседување на LEI број за правните лица е веќе утврдено со неколку ЕУ регулативи и директиви, како што се:

  • Европска регулатива за пазарна инфраструктура (European Markets Infrastructure Regulation-EMIR) – клириншки куќи, членки на клириншки куќи и договорни страни на договорите за тргување со деривативи
  • Регулатива за спречување на злоупотреба на пазарот (Market Abuse Regulation-MAR) – издавачи на финансиски инструменти, ентитети вклучени во сомнителни трансакции
  • Регулатива за адекватност на капиталот (Capital requirements regulation-CRR) – кредитни и финансиски институции
  • Директива за приватните (алтернативни) инвестициски фондови (Alternative Investment Funds Directive (AIFMD) – инвестициски фондови и менаџери на инвестициски фондови
  • Регулатива за кредитни рејтинг агенции (Credit Rating Agency Regulation-CRAR) – кредитни рејтинг агенциии и рангирани ентитети
  • Регулатива за солвентност ( Solvency II) – пензиски фондови и осигурителни компании
  • Регулатива за Централни депозитари за хартии од вредност ( Centrral Securities Depositories Regulation – CSDR) – Централни депозитари и членки на депозитарите
  • Директива за транспарентност (Transparency Directive) – издавачи на финансиски инструменти на официјални пазари
  • Регулатива за финансиски трансакции поврзани со хартиите од вредност ( Securities financing transactions regulation SFTR) – субјекти вклучени во трансакциите поврзани со хартиите од вредност и корисниците и имателите на правата и обврските кои произлегуваат од истите
  • Регулатива за издавање на проспект за ХВ (Prospectus Regulation) – издавачи на хартии од вредност кои се понудени на јавноста преку официјален пазар за ХВ кој се наоѓа или дејствува во рамките на ЕУ
  • Директива за пазари на финансиски инструменти / Регулатива за пазари на финансиски инструменти(Markets in financial instruments Directive II – MiFID II/Markets in financial instruments regulation)

Согласно правилата на Глобалната Фондација за издавање на Идентификациониот број за правните субјекти (LEI) - GLEIF, правните субјекти слободно без договорни обврски може пред истекот на валидноста на LEI бројот истиот да го префрлат во GS1 од било кој друг издавач
(LOU*) на LEI броеви. Префрлањето од било кој издавач на LEI број во GS1 е БЕСПЛАТНО и многу едноставно. По електрноското аплицирање за префрлање на LEI бројот во GS1, GS1 ја превзема и ја води целокупната процедура и комуникаицја со вашиот моментален издавач на LEI бројот кој што сакате да го префрлите во GS1. По завршувањето на процедурата, вие ќе бидете известени и контактирани од GS1 за исходот од процедурата и понатамошните чекори што треба да ги направите.

Контакт за издавање на LEI број во GS1 Македонија

Документи

Идентификациониот број за правните субјекти (LEI