Нашиот Управен одбор

Управниот одбор е составен од седум членови, вклучувајќи го и претседателот и заменик-претседателот на Собранието.

Членовите на Управниот одбор ги избира Собранието на годишна седница, со мнозинство гласови од присутните членови, со тајно гласање, за мандатен период од 3 години, со можност за повторен избор.

Управниот одбор на GS1 Македонија:

  • ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките донесени од Собранието на GS1 Македонија;
  • ги утврдува предлозите на актите што ги донесува Собранието;
  • донесува финансиски одлуки за тековното работење на GS1 Македонија;
  • ги утврдува и ги доставува до Собранието на усвојување програмата за работа, финансискиот план за наредната година, како и извештајот за работа и финансискиот извештај за претходната година;
  • ја утврдува висината на пристапнината, годишната членарина и надоместоците за користење на GS1 броеви;
  • го именува и го разрешува директорот на GS1 Македонија;
  • назначува овластен ревизор да изготви годишен ревизорски извештај за финансиското работење;
  • води политика на омасовување на членството;
  • одлучува за прием, исклучување и бришење од евиденцијата на членките;
  • разгледува и усвојува примена на меѓународните стандарди;
  • се грижи за коректна примена и заштита на прописите, стандардите и принципите на GS1 системот;
  • формира работни групи, секции и други помошни органи;
  • по потреба формира привремени работни групи за конкретни работни задачи;
  • врши други функции во согласност со политиката за унапредување на GS1 системот, GS1 Македонија и законските прописи;
  • донесува акт за организација и систематизација на работни места;
  • да инвестира, да ги депонира или да работи со средствата на Асоцијацијата кои не се неопходно потребни за наведените цели, преку купување или продавање на хартии од вредност, купопродажба на подвижен или недвижен имот, давање и земање под закуп на недвижности, давање под наем или изнајмување подвижни ствари, заради постигнување на целите поради кои е формирана Асоцијацијата;
  • ги врши сите други работи утврдени со Статутот и со актите донесени од Собранието, доколку не се во исклучителна надлежност на Собранието.

Управниот одбор има огромен придонес во организацијата и нејзините цели помагајќи на GS1 Македонија да понуди најдобри решенија на своите членки за проблемите со кои тие се соочуваат.

Членови на Управниот одбор на GS1 Македонија:

Jim Spittle

Директор за информатика во „Алкалоид“ АД – Скопје

Никола Димовски е роден во Тетово. Основно и средно образование заврши во Прилеп. Со звањето дипломиран електротехнички инжинер (насока информатика) се стекна на Електротехничкиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој целата своја бизнис кариера ја гради во Алкалоид АД од Скопје, каде што се вработи во 1987 напредувајќи постојано нагоре по хиерархиските скалила во компанијата. Работеше во неколку оддели меѓу кои и во Информатички Технологии и Телекомуникации, Набавки, Продажба, Квалитет на Производство и Поддршка на Корисници. Во 2004 година застанува на челото на одделот за Информатички Технологии и Телекомуникации како Директор.

Никола Димовски е експерт во полето на Информатичките Технологии и Телекомуникациите и како таков, во текот на годините бил проектен координатор или учесник во голем број на проекти. Покрај тоа тој е и експерт во воведување, развој и имплементација на GS1 Системот на Стандарди, помеѓу кои и целосно означување на производната палета на Алкалоид АД – Скопје со EAN-13 Баркод симбологијата, Следливост (од крај до крај), означување на единечните пакувања на лековите со GS1 2D баркод симбологијата (GS1 DataMatrix) за означување на секундарните пакувања, додека терцијалните и повисоките хиерархиски пакувања со SSCC. Тој е директно вклучен и во активностите кои произлегуваат од исполнување на одредбите на ЕУ 2016/161 Директивата со која се регулираат безбедносните обележја кои се применуваат на пакувањата на медицинските производи наменети за човечка употреба.

Никола Димовски е редовен учесник, а неретко и излагач и презентер на едукативните настани во организација на GS1 Македонија на теми кои се однесуваат на медицината и фармацијата. Во својство на експерт на покана на GS1 Македонија тој учествуваше на GS1 Глобалниот Форум оддржан во Брисел, Белгија во 2011 и на GS1 Меѓународната Конференција за Здравство одржана во Лисабон, Португалија во 2012 година.

Директно или индиректно тој е постојано инволвиран и упатен во работата на GS1 Македонија. Во 2009 од Собранието на GS1 Македонија e избран за член на Управниот Одбор, а од 2015 година е и заменик-претседател на Собранието и на Управниот одбор.

Jim Spittle

Mенаџер за финансии и развој во „Веропулос“ ДООЕЛ – Скопје

Елизабета Кочовска-Ицева е Дипломиран Економист – насока Макро Економска Политика и Развој на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Елизабета Кочовска-Ицева е основач и управител на Консултантската Агенција Бета Консалтинг ДООЕЛ Скопје. За Веропулос ДООЕЛ – Скопје работи како надворешен консултант во одделот за финансии, правни работи, развој и нови инвестиции. Таа е експерт-консултат во следниве области: Економија, Финансии и Право, Сметководство, Надворешна Трговија, Странски Инвестиции, Водење Бизнис во Македонија, Катастарски Работи и Градежни Дозволи, Изградба на Капацитети, Организациско Однесување, Постпродажна Грижа и Поддршка на Корисници, Менаџмент, Менаџерско Сметководство и Финансиски Извештаи, Финансиски и Правни Услуги, Даноци, Надворешна Трговија, Управување со Човечки Ресурси.

Таа постојано ја надградува и оплеменува својата стручност стекнувајќи се со повеќе Дипломи и Сертификати на престижни студиски програми, курсеви и тренинг програми, меѓу кои и:

  • International Course of Securities на Securities Institute – London (Курс спонзориран од страна на British Know-How fund, а одржан на Економскиот Факултет во Скопје);
  • Management Training Program на University of Central Lancashire, business school JICAP, Lancashire and London UK;
  • Agency of International Development, USA, World Learning, USA - EMT Program, Chicago, USA;
  • International Council of Management Consulting Institutes (ICMCI) - Certified Management Consultant;

Taa има изготвено повеќе проекти:

  • 1999: Проект во рамките на International Course of Securities на Securities Institute – London на тема: Услови за Учество на Пазарите на Капитал;
  • 1999: Проект спонзориран од US AID: Малите и Средните Претпријатија во Македонија.
  • 1999: Проект организиран од ITALTREND s.r.l. – Италија: „Техничка Помош за Македонските Компании“.
  • 1999: JICAP Програма спонзорирана од British Council, Лондон
  • 2002: Проект изработен за Канцеларијата на Светската Банка во Скопје: Развој на Општеството Преку Културата – Социјална Проценка;
  • 2002: Проект изработен за Канцеларијата на Светската Банка во Скопје: Постконфликтна Ситуација во Кумановскиот Регион – Можности за Ревитализација;
  • 2003: Проект изработен во рамките на Тренингот во Агенцијата за Меѓунаротен Развој во Чикаго, САД
  • 2010: Проект изработен во рамките процесот здобивање на сертификатот од ICMCI.

Елизабета Кочовска-Ицева учествува во работата на повеќе професионални асоцијации: Регионални Стопански Комори, Стопанска Комора на Македонија, Американска Стопанска Комора во Македонија (AMCHAM), British Bussiness Group Macedonia и Асоцијацијата за GS1 Стандарди – GS1 Македонија како член на Управниот одбор.

Jim Spittle

Управител на „Европа“ ДООЕЛ – Штип

Данче Ѓурова е Управител и Генерален Директор на Европа ДООЕЛ од Штип, една од компаниите дел од групацијата на Макпромет АД од Штип.

Таа е родена во 1971 година во Штип каде заврши основно и средно образование. Се стекна со научното звање дипломиран инженер по прехранбено и биотехнолошко инженерство на Технолошко-Металуршкиот Факултет при Универзитретот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1998 година.

Во периодот од 2006 до 2010 година во повеќе наврати учествува на стручни семинари на Централниот Колеџ за Кондиторска Индустрија во градот Солинген, Северна Рајна-Вествалија, Германија.

За Управител во Европа ДООЕЛ Штип е назначена на 04.01.2006, а од јануари 2013 година покрај управителското место, Данче Ѓурова започна да ја врши функцијата и на главен и одговорен менаџер за техничко-технолошко унапредување на целата групацијата Макпромет Штип.

Jim Spittle

Генерален директор на „Даути Комерц“ АД –Скопје

Џемаил Даути е истактнат стопанственик, директор и претседател на Даути Комерц АД – Скопје. Роден е 1962 година во с. Бојане крај Скопје. Гимназија и Економски Факултет заврши во Скопје.

Тој е основач на Фондацијата Албиз чија визија е промоција на корпоративната општествена одговорност и филантропија преку организација и промоција на едукативни, културни, економски и социјално-хуманитарни програми.

Џемаил Даути и Даути Комерц добитници се на низа признанија од областа на бизнисот и општествена одговорност.

Царинската Управа на Република Македонија во 2015 година на Џемаил Даути му одаде признание врачувајќи му пофалница за долгогодишната соработка. Истата година Европската Бизнис Асоцијација го награди со престижна награда.

Jim Spittle

Управител на компанијата ИНФО-КОД ДОО Скопје

Игор Илковски е управител на ИНФО КОД ДОО Скопје, чија примарна дејност e ефикасно и доверливо решавање на деловните предизвици, советување на корисниците и оптимизација на процесите со речиси 30-годишно искуство особено во областа на RFID технологијата, притерите на ID картички, мобилните терминали, бар код принтери и читачи, итн.

Поради својата специфична дејност, ИНФО КОД има соработувано со GS1 Македонија на бројни проекти низ годините и заеднички успешно работеа на дигитализација на деловните процеси во голем број компании.

Игор Илковски е роден во 1977 година. Завршува Економски факултет и својата кариера ја започнува во областа на финансиите како дел од тимот на Best Western Turist. Во понатамошните години работи во делот на финансиите во Holiday Inn и Македонија Турист.

Подоцна е избран за генерален менаџер на Belvi Best Western, а од 2008 година е управител на ИНФО КОД ДОО Скопје.

Во рамките на ИНФО КОД континуирано во последните две декади работи на технички решенија и унапредување на деловните процеси, дигитализација на компаниите и воведување на GS1 стандардите, означувањето на производите и логистичките единици по светски стандарди и со тоа успешно изгради бренд кој што е добро познат во нашата држава.

Од 2021 година е член на Управниот одбор на GS1 Македонија, а од 2023 година и потпретседател на Управниот одбор.

Jim Spittle

Сопственик на СИГМА-СБ СЛАВЧО ДООЕЛ Скопје

Роден е во 1965 година. Дипломирал на факултетот ЕТФ – Скопје во 1991 година на насоката Електроника и телекомуникации и се запишува на пост-дипломски студии за менаџмент (MBA) на Економскиот факултет Скопје во 2000 година.

Својата професионална кариера ја започнува во 1993 година како програмер во УЛТРА – Скопје и во 1995 година ја формира СИГМА СБ. Од 1996 до 2000 година работи како проект менаџер и систем администратор во Жито Лукс Скопје. Од 2000 до 2010 година е управител на компанијата ТИМ ВИЖН Македонија, чие портфолио главно се фокусира на продажба, имплементација и поддршка на ERP Microsoft Business Solution Navision.

Како управител на Сигма-СБ од 2010 година соработува со GS1 Македонија на голем број проекти, примарно на имплементацијата на GS1 Databar и имплементирањето на EDI (електронска размена на документи) – SB EDI и учествува како предавач на голем број семинари и обуки.

Некои од поголемите реализирани проекти во изминатиот период се следниве:

  • Развој имплементација и одржување на сфтверско решение за финасиско и материјално работење во CLIPPER, во повеќе од 100 мали и микро претпријатија.
  • Имплементација и одржување на MICROSOFT Dynamics NAV – интегрирано софтверско решение
  • Развој на сопствено софтверско решение за компаниски менаџмент за потребите на современо поставени и менаџерско ориентирани компании – ССБ и негова успешна имплементација во повеќе од 100 мали и средни компании
  • Меѓународна соработка и учество како проект менаџер на проекти за потребите на компании од САД, Грција, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово.
  • Развој на платформа за Електронска Размена на Податоци SSBEdi (EDI Electronic Data Interchange)
Jim Spittle

Директор за правни и општи прашања во Витаминка АД Прилеп

Своето основно и средно образование го завршува во Прилеп, а правниот факултет во Скопје. Станува магистер на правни науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во 2010 година.

Во 2011 година го полага стручниот испит за застапници во постапка за заштита на индустриската сопственост.

Докторските студии ги завршува на Правниот факултет “Јустинијан Први” Скопје во 2016 година во полето деловно право и на Економскиот факултет во Прилеп во областа на менаџментот во 2020 година. Истата година го положува и нотарскиот испит.

За време на своето студирање ја посетува и Школата за млади лидери во покровителство на претседателот на Република Македонија, каде го добива сертификатот за најдобар оратор.

Професионалната кариера ја започнува во Витаминка АД Прилеп како референт за правни и општи работи во 2010 година, а во 2013 година е унапреден во директор на правни и општи работи и неговиот професионален ангажман е фокусиран на следниве активности:

  • комплетно покривање на сите области од правото
  • корпоративно управување (изработка на интерни правни акти, организирање и спроведување состаноци на одбор на директори, собрание на акционери, ...);
  • законска усогласеност;
  • управување на служба за човечки ресурси;
  • општи работи {градежни активности, комунални работи, исхрана, обезбедување, живот на средина, стандардизација, комуникација со државни органи и сл.);

Учесник е во голем број организации и управни одбори:

  • од 2010 година член на Надзорен одбор на ПАКОМАКДОО Скопје
  • од 2011 година член на ИСЛАА Алумни организација под покровителство на Претседателот на Република Македонија
  • 2011-2012 претседател на правна комисија на ФК „11 ти Октомври" Прилеп
  • 2013-2015 член на Управниот одбор на Здружение на правници на Македонија
  • 2019 член на Ротари клубот Прилеп
  • 2019 основач на Здружение Европски центар за претприемништво и едукација Битола (European Entrepreneurial and Educational Hub Bitola)
  • 2019 Основач на Македонско здружение за трудово и социјално право
  • 2020 претседател нз Дисциплинска комисија при ЏУДО Федерација на Македонија

Во рамките на GS1 Македонија, станува член на Управниот одбор во 2023 година по повлекувањето на претседателот на УО Симон Наумоски на негов предлог.

Орде е член на бројни тела и комисии во рамките на ОРМ, Стопанска комора, AmCham за преговори и решавање стручни прашања.

Автор е на голем број меѓународни публикации од областа на бизнис и менаџментот, безбедноста и здравјето при раабота, финансиската дисциплина, акционерските друштва и голем број други области.

Донесени одлуки од Управниот одбор: