Mенаџер за финансии и развој во „Веропулос“ ДООЕЛ – Скопје
Елизабета Кочовска-Ицева е Дипломиран Економист – насока Макро Економска Политика и Развој на Економскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Елизабета Кочовска-Ицева е основач и управител на Консултантската Агенција Бета Консалтинг ДООЕЛ Скопје. За Веропулос ДООЕЛ – Скопје работи како надворешен консултант во одделот за финансии, правни работи, развој и нови инвестиции. Таа е експерт-консултат во следниве области: Економија, Финансии и Право, Сметководство, Надворешна Трговија, Странски Инвестиции, Водење Бизнис во Македонија, Катастарски Работи и Градежни Дозволи, Изградба на Капацитети, Организациско Однесување, Постпродажна Грижа и Поддршка на Корисници, Менаџмент, Менаџерско Сметководство и Финансиски Извештаи, Финансиски и Правни Услуги, Даноци, Надворешна Трговија, Управување со Човечки Ресурси.
Таа постојано ја надградува и оплеменува својата стручност стекнувајќи се со повеќе Дипломи и Сертификати на престижни студиски програми, курсеви и тренинг програми, меѓу кои и:
- International Course of Securities на Securities Institute – London (Курс спонзориран од страна на British Know-How fund, а одржан на Економскиот Факултет во Скопје);
- Management Training Program на University of Central Lancashire, business school JICAP, Lancashire and London UK;
- Agency of International Development, USA, World Learning, USA - EMT Program, Chicago, USA;
- International Council of Management Consulting Institutes (ICMCI) - Certified Management Consultant;
Taa има изготвено повеќе проекти:
- 1999: Проект во рамките на International Course of Securities на Securities Institute – London на тема: Услови за Учество на Пазарите на Капитал;
- 1999: Проект спонзориран од US AID: Малите и Средните Претпријатија во Македонија.
- 1999: Проект организиран од ITALTREND s.r.l. – Италија: „Техничка Помош за Македонските Компании“.
- 1999: JICAP Програма спонзорирана од British Council, Лондон
- 2002: Проект изработен за Канцеларијата на Светската Банка во Скопје: Развој на Општеството Преку Културата – Социјална Проценка;
- 2002: Проект изработен за Канцеларијата на Светската Банка во Скопје: Постконфликтна Ситуација во Кумановскиот Регион – Можности за Ревитализација;
- 2003: Проект изработен во рамките на Тренингот во Агенцијата за Меѓунаротен Развој во Чикаго, САД
- 2010: Проект изработен во рамките процесот здобивање на сертификатот од ICMCI.
Елизабета Кочовска-Ицева учествува во работата на повеќе професионални асоцијации: Регионални Стопански Комори, Стопанска Комора на Македонија, Американска Стопанска Комора во Македонија (AMCHAM), British Bussiness Group Macedonia и Асоцијацијата за GS1 Стандарди – GS1 Македонија како член на Управниот одбор.