Прослава на
50 годишнината

Пред 50 години, GS1 бар кодот беше креиран за да ја трансформира трговијата на мало и да обезбеди поефикасен и поодржлив дистрибутивен синџир.


Во чест на овој јубилеј тимот на GS1 Македонија организираше прослава на која заедно со членките компании ги прослави 50-те години во кои GS1 организација ја револуционизира работата на компаниите во цела палета на бизнис сектори: прехранбена индустрија, медицина, транспорт и логистика, ИТ индустрија, итн.

Прославата започна со кратка интерактивна презентација од страна на Кирил Коровешовски за историјатот, сегашните проекти и идните насоки во кои се фокусира GS1 организацијата.

Од самите почетоци GS1 организацијата и воопшто GS1 бар кодовите имале за цел да ги разрешат проблемите кои биле заеднички за цела група на индустриски сектори и поради тоа нејзините членки се разновидни: од најмалите маалски продавници до интернационалните компании. Со својата мрежа од 116 национални организации и над 2 милиони членки, тешко е да се замисли друга организација која е воспоставена на овој начин и има толку големо членство.

Денешните проекти, како и идните насоки на кои е фокусирана GS1 организацијата повторно се поврзани со револуција - со ИТ револуцијата, односно со дигитализацијата. За таа цел дефинирани се две цели за наредната декада:

  • Трансформација од 1D во 2D бар кодовите, односно користење на GS1 DataMatrix и GS1 QR-Code како симболи на новото дигитално време во кои може да се содржат илјадници податоци потребни за обезбедување на следливост и транспарентност во деловните процеси
  • Дигитална трансформација на физичките податоци, односно креирање на GS1 Регистар кој ќе ги содржи дигиталните податоци за производите и ќе овозможи единствен верификуван извор на информации за сите производи во светот