Споделувањето на информации преку интернет технологиите, мобилните уреди и веб страните
гради доверба и им помага на денешните омниканал потрошувачи во донесувањето на
одлуката за купување на дадениот продукт
Денес индустријата која што се занимава со производство, пласман и продажба на свежа
храна е дел од глобалниот синџир на набавка. Индустријата за свежа храна се соочува
со уникатни и значајни предизвици како безбедност на корисниците, намалување на
храната што завршува во отпад, свежоста на продуктите и следливоста од фарма до
трпеза. Додека ефикасноста и безбедноста се клучни, многу други делови од синџирот
на набавка ги немаат имплементирано истите стандарди како што е секторот за брзо
транспортирање на продукти за потрошувачите (FMCG, англиски превод „Fast-Moving
Consumer Goods“).
Прашањето што се поставува е како да се исполнат овие предизвици со цел да се исполнат
барањата на бизнисот, регулаторите и потрошувачите? Во овој дел на нашиот сајт можете
да дознаете како GS1 стандардите можат да постанат основа на следливоста и безбедноста
на храната која што се произведува, транспортира, продава и консумира секој ден,
во секој дел на светот.
GS1 стандардите во акција: Свежа храна