Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Доколку Вашето прашања не е одговорено во листата на "Најчесто поставувани прашања" можете да не контактирате преку следнава контакт форма.
GS1 систем е единствен меѓународен систем на стандарди за идентификација на производите, услугите, транспортните единици, средствата и локацијата. Тој овозможува стандарзицација и унификација на трговијата во светски рамки.
GS1 стандардите се меѓународен систем на стандарди што се применуваат за кодирање и идентификација на разни објекти и овозможуваат обавување на електронската трговија.
GS1 ЕМБ (Company Number) го доделува GS1 Македонија при Вашето зачленување согласно со светските стандарди. Тоа е Матичен број кој во национални рамки е единствен и резервиран само за Вашате фирма, со кој Вие и Вашите производи се идентификувате во домашниот и светскиот трговски и дистрибутивен систем. Во зависност од резервираниот капацитет за баркодирање, доделениот GS1 ЕМБ број е составен од 4 бројки (за 100,000 артикли) до 7 бројки (за 100 артикли).
Кога на Вашиот Единствен Матичен GS1 број се придодаде префиксот на националната GS1 организација, се формира GS1 број (Company Prefix) којшто, не само во национални, туку и во меѓународни рамки е единствен и резервиран само за Вашата компанија. Во зависност од резервираниот капацитет за баркодирање, доделениот GS1 број е составен од 7 бројки (за 100,000) артикли до 10 бројки ( за 100 артикли). Меѓународниот префикс на Македонската асоцијација за нумерирање на артиклите GS1 Македонија е 531, доделен од Меѓународната GS1 организација.
Не. Првите бројки се однесуваат на националната организација (членка на Меѓународната GS1 организација), која на компанијата го доделила GS1 бројот. Самите производи можат да бидат произведени било каде во светот. На пример, GS1 броевите што започнуваат со 531 се доделени од GS1 Македонија на компаниите членки на GS1 Македонија, но компанијата не мора да произведува во Македонија. Истото се однесува и на сите останати национални GS1 организации за нумерирање и на нивните префикси, кои што можат да бидат со две или три бројки.
GS1 бар код симболот е GS1 шифра, графички претставена во вид на правоаголна површина што ја сочинуваат низа од темни риги и светли меѓупростори што овозможуваат електронската опрема да ја прочита деловната информација содржана во нив.
Симбологијата е збир на правила што го дефинираат кодирањето на различните знакови со помош на различниот распоред и густина на темните риги и светлите меѓупростори.
Не. Бар кодот не менува ШТО внесувате, туку КАКО внесувате. Наместо рачно внесување на шифрите или преку тастатура, скенерот го чита бар кодот, го декодира и ги праќа податоците директно во компјутер. Значи, Вашите интерни броеви не мора да се сменат за да се примени бар код идентификација.
Не. Можете да правите комбинација на боите за темните риги и светлите меѓупростори, но според одредени правила за што ќе добиете информации во Службата на GS1 Македонија
Не. Никакво скратување и дотерување на постојниот GS1 симбол со разни програми за обработка не е дозволено. GS1 симбол треба повторно да се изработи и тогаш може да се користи факторот за зголемување (намалување) што ги утврдила GS1 организцијата, за 25 големини во однос на номиналната големина. и се движат од 0,8 до 2,0. За исклучително мали пакувања треба да се јавите во GS1 Македонија за да добиете GS1 8 број.
Не. Намалување или зголемување на симболот може да се изврши само со користење на утврдените стандарди со помош на специјални компјутерски програми според GS1 спецификациите, а не со било какво фотографско снимање. Податоците за висината на симболот, ширината и тн. се внесуваат во компјутер тој ги обработува и репродуцира на излезната единица.
Да. За сите дејности за кои што сте регистрирани во Прилог бр. 3 од судското решение, но имате обврска редовно да водите Регистар на баркодираните артикли и да го доставувате до GS1 Македонија. Регистарот (Формулари 02 и 03) може да се преземе (во pdf форма) од web-страната на GS1 Македонија.
Не. Секое збирно пакување добива нов број, којшто се разликува од бројот на артиклот што се наоѓа во збирното пакување.
Не. Согласно стандардите на GS1 системот строго е забрането отстапување или продавање на дел од Вашиот доделен капацитет (100, 1000, 10,000 и 100,000) за баркодирање на артикли и се смета за злоупотреба, што повлекува исклучување од членството на GS1 Македонија, одземање на бројот и други консеквенци.
Да. Доколку изготвите самолепливи етикети со бар кодот.
Едноставно. По телефон контактирате со GS1 Македонија и ние Ви испраќаме пристапница и Формулар 01 по факс или е-маил, пополнета ни ја враќате по факс или е-маил, Ви испраќаме фактура по факс и по нејзината уплата доаѓате во GS1 Македонија и добивате Ваш Единствен GS1 ЕМБ број за бар кодирање на Вашите производи. Пристапницата и Формуларот 01 можат да се преземат (во pdf форма) од web-страната на GS1 Македонија.
Секоја членка ги има следните права и обврски:
GS1 бројот можете да го употребите за означување на своите артикли, услуги, локации, транспортни единици и тн., односно секаде каде што постои потреба за идентификација на Вашите производи, или потреба од брзо и точно читање на баркодираните информации.
Не, но трговијата не може да ја прифати стоката што нема бар код.
Не, доколку странскиот купувач ја прифати стоката без бар код, или во случај да ја препакува и стави негов бар код, со што Вашата фирма го губи идентитетот.
Да, бидејќи бар кодот првенствено го означува потеклото, те. земјата на производство.
Не. Еднаш баркодиран производ со GS1 баркод не треба повторно да се означува бидејки е веќе баркодиран по меѓународни GS1 стандарди.
Треба да се јавите во GS1 Македонија и ќе Ви се додели нов GS1 број или ќе Ви се зголеми правото за баркодирање на веќе доделениот GS1 број.
Не, без оглед во кој период од годината сте се зачлениле во GS1 Македонија, членарината важи 12 месеци од денот на зачленувањето. Во зависност од кварталот на годината во кој е извршено зачленувањето, Фактурирањето на членарината се врши во почетокот на кварталот, и тоа во Јануари, Април, Јули и Октомври.