Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
GS1 стандардите Ви помагаат да ја следите свежата храна од нива до трпеза. Информациите може да се споделуваат низ синџирот на снабдување со цел да се поддржи Вашиот бизнис и да се зголеми безбедноста на храната. Податоците од следливост можат да се искористат за задоволување на регулаторните барања, за изработка на стратегија за достава на оваа храна до точките на продажба, за обезбедување на зголемен квалитет и за намалување на количината на храна која што се фрла како отпад од разни причини.
Денес индустријата која што се занимава со производство, пласман и продажба на свежа храна е дел од глобалниот синџир на набавка. Индустријата за свежа храна се соочува со уникатни и значајни предизвици како безбедност на корисниците, намалување на храната што завршува во отпад, свежоста на продуктите и следливоста од фарма до трпеза. Додека ефикасноста и безбедноста се клучни, многу други делови од синџирот на набавка ги немаат имплементирано истите стандарди како што е секторот за брзо транспортирање на продукти за потрошувачите (FMCG, англиски превод „Fast-Moving Consumer Goods“).
Прашањето што се поставува е како да се исполнат овие предизвици со цел да се исполнат барањата на бизнисот, регулаторите и потрошувачите? Во овој дел на нашиот сајт можете да дознаете како GS1 стандардите можат да постанат основа на следливоста и безбедноста на храната која што се произведува, транспортира, продава и консумира секој ден, во секој дел на светот.