Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
GS1 GTIN бревите и бар кодовите се задолжителни во најголем дел од онлајн трговските платформи како и во сите малопродажни и големо продажни објекти во Македонија вклучувајќи ги и сите големи синџири на супермаркети меѓу кои:
Повеќе од 24 години, GS1 Македoнија им помага на македонските компании да ги иднетификуваат своите производи уникатно ширум светот. Со зачленувањето во GS1 Македонија добивате и Акредитација со која можете во секој момент да ја потврдите автентичноста на GTIN броевите кои ги користите за означување на вашите производи.
GS1 GTIN броевите кои ќе ги добиете можат да се користат кај сите трговци без разлика на нивната големина, локација или начин на продажба (класичен или електронски).
GS1 Македонија е дел од глобалната GS1 организација со седиште во Брисел, кој се грижи нашите GS1 бар кодови да функционираат секаде во светот.
GS1 Каталогот на артикли на македонските компании е достапен БЕСПЛAТНО за сите членки на GS1 Македoнија, бројот на производи кој можете да го внесите е неограничен. Податоците се видливи за сите потрошувачи, маркети и дистрибутер во и надвор од Македонија.
Секоја членка на GS1 Македонија добива пристап до порталот за менаџирање на бар кодови - МојGS1. Преку овој портал се активираат и менаџираат доделените GTIN броевите. Автоматски се креира бар код симбол, подготвен за нанесување продукт, може да се прегледуваат фактурите и променуваат податоците за компанијата.
Тимот на GS1 Македонија е секогаш тука да ви помогне во вашиот развој и потреба од имплементирање на GS1 стандардите како што вашата компанија расте.
Со електорнската апликација се минимизираат грешките и се намалува времето за подготовка и издавање на GS1 Акредитацијата за вашата компанија.
„Преку воведувањето на светските стандарди во означувањето на производите како што се GS1 стандардите, компаниите го јакнат сопствениот бренд и ја подобруваат конкурентноста. Всушност, лидерството на пазарот се докажува со примената на стандардите“ г-дин Бранко Азески - Претседател на Стопанската комора на Македонија
„Преку воведувањето на светските стандарди во означувањето на производите како што се GS1 стандардите, компаниите го јакнат сопствениот бренд и ја подобруваат конкурентноста. Всушност, лидерството на пазарот се докажува со примената на стандардите“
г-дин Бранко Азески - Претседател на Стопанската комора на Македонија
„Само со воведувањето на нови стандарди, како GS1 стандардите може да се следат барањата на потрошувачите и да се успее на странските пазари. Јас лично како долгогодишен раководител на Витаминка, секогаш сум ги поддржувал напредните и развојни идеи.“ г-дин Симон Наумоски - Претседател на Управниот одбор на „Витаминка“ АД- Прилеп
„Само со воведувањето на нови стандарди, како GS1 стандардите може да се следат барањата на потрошувачите и да се успее на странските пазари. Јас лично како долгогодишен раководител на Витаминка, секогаш сум ги поддржувал напредните и развојни идеи.“
г-дин Симон Наумоски - Претседател на Управниот одбор на „Витаминка“ АД- Прилеп
„Основната поента е производот да се контролира од производството, дистрибуцијата, па до крајниот потрошувач. Тоа го овозможува GS1 системот на стандарди. Ние треба да имаме следливост во секое време да знаеме каде е нашиот производ, како делува на оние за кои е наменет и сето тоа на крај да придонесе за подигање на квалитетот на производите кои сите ние ги произведуваме “ г-дин Живко Мукаетов - Генерален директор/Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје
„Основната поента е производот да се контролира од производството, дистрибуцијата, па до крајниот потрошувач. Тоа го овозможува GS1 системот на стандарди. Ние треба да имаме следливост во секое време да знаеме каде е нашиот производ, како делува на оние за кои е наменет и сето тоа на крај да придонесе за подигање на квалитетот на производите кои сите ние ги произведуваме “
г-дин Живко Мукаетов - Генерален директор/Претседател на управниот одбор на Алкалоид АД Скопје
Бројот на потребните бар кодови го одредувате според бројот на производи кој го имате и варијантата на истите.
Пример:
Доколку произведувате три производи, кравји кашкавал, овчи кашкавал и мешан кашкавал и од секој од нив имате пакување од 500 гр, 1 кг и пита од 4 кг тогаш вас ќе ви бидат потребни 9 бар кодови. Односно за кравји кашкавал три различни бар кодови по еден за 500 гр, 1 кг и 4кг, за овчи кашкавал три различни бар кодови по еден за 500 гр, 1 кг и 4кг и за мешан кашкавал три различни бар кодови по еден за 500 гр, 1 кг и 4кг.
GS1 Македонија нуди пакет на бар кодови и тоа од 10, 100, 1.000, 10.000 и 100.000 бар кодови. При изборот на капацитет водете сметка истиот да ги задоволува вашите моментлани, но и идни потреби. Запомнете во иднина доколку треба да зголемите капацитет, два пакети од по 10 бар кодови ќе ве чинат повеќе од еден пакет од 100 бар кодови.
Затоа што првиот бар код кој што го добивате е Глобален локациски број (GLN) на вашата компанија и истиот не може да с екористи за означување на производи. Глобалниот локациски број (GLN) може да се користи од страна на компаниите за идентификација на нивните локации, давајќи им целосна флексибилност во идентификацијата на било кој вид или големина на локацијата која што сакаат да ја идентификуваат.
ЗАБЕЛЕШКА документите со * се пополнуваат доколку не сте во можност да аплицирате електронски