SSBEdi - Иднина на меѓукомпаниската комуникацијa

sometext
 

Компанијата „Сигма-СБ“, прв македонски EDI провајдер, под мотото „SSBEdi - Иднина на меѓукомпаниската комуникацијa“, ќе промовира и презентира платформа за B2B комуникација - услуга за електронска размена на документи – EDI (Electronic Data Interchange) по светски GS1 стандарди.

Промоцијата е отворена и слободна за сите заинтересирани компании кои имаат желба да ги слушнат и видат најновите трендови во индустријата. Настанот ќе се одржи на 10.12.2015 со почеток од 14:00 часот во просториите на „TCC Гранд Плаза” - Скопје.

Во светот, а последниве години и кај нас, електронскатата размена на податоци - EDI е сé повеќе присутна во деловното работење. EDI е ефикасна бизнис алатка за автоматски, директен и точен пренос на деловни пораки и на компаниите им овозможува подобра контрола на залихите, набавките и испораките.

Платформата SSBEdi на Сигма-СБ е претставник на новата генерација бизнис решенија, преку која се разменуваат деловни пораки структурирани по GS1 стандардите. Преку SSBEdi македонските компании можат да разменуваат деловни пораки со голема брзина, точност и елиминација на сите можни грешки, што придонесува кон намалување на трошоците.

Во мрежата на SSBEdi веќе се вклучени повеќе бренд компании од Македонија. На настанот одблизу ќе имате можност да се запознаете со SSBEdi, а воедно и да ги слушнете искуствата од компаниите кои веќе ги користат услугите на SSBEdi. Во рамките на настанот ќе биде презентирано истражување од страна на агенцијата „Insider“ за моменталниот начин на деловна комуникација во македонските компании и воочените можности за унапредување.

Корисни линкови