Ние сме незавинсна, невладина и непрофитна организација управувана од Генерален извршен директор избран од Управен одбор чии членови се избрани на Генерално собрание

GS1 Македонија ги има следните органи на управување:

  1. Собрание
  2. Управен одбор
  3. Генерален извршен директор

Членови на Собранието на GS1 Македонија

Сoгласно Член 8 од СТАТУТ-от на GS1 Македонија, Собранието е највисок орган на здружението и го сочинуваат сите членки на GS1 Македонија. Генералното собрание, претставувајќи ги членките на асоцијацијата, има целосна надлежност за сите прашања што се во функција на остварување на целите на GS1 Македонија.

Сoгласно Член 9 од СТАТУТ-от на GS1 Македонија, Собранието на GS1 Македонија ги има следните надлежности:

  • го донесува Статутот на GS1 Македонија и неговите измени и дополнувања;
  • разгледува и одлучува за разни прашања на предлог на Управниот одбор;
  • одлучува за престанок на работата на Асоцијацијата со двотретинско мнозинство гласови од сите членови на здружението;
  • донесува годишна програма за работа и финансиски план за наредната година;
  • усвојува извештај за работа и финансиски извештај за претходната година;
  • одлучува за промена на целта на здружението;
  • одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на здружението;
  • одлучува за статусните измени на здружението;
  • од својот состав избира и разрешува членови на Управниот одбор на GS1 Македонија во постапка утврдена со овој Статут;
  • од својот состав избира и разрешува претседател на Собранието на GS1 Македонија и негов заменик;
  • решава по жалби за исклучување и бришење од евиденцијата на членки на GS1 Македонија, како и по жалби на други одлуки донесени од страна на Управниот одбор на GS1 Македонија;
  • донесува други акти и врши други работи во рамките на своите надлежности, во согласност со Статутот и другите акти на Асоцијацијата.

Листата на сите акредитирани членки, кои полноправно одлучуваат во работењето на Собранието, може да ја преземете тука.

Седници и одлуки на Собранието на GS1 Македонија

25.06.2014

12.04.2013

21.12.2012

  • ЛИСТА на номинирани кандидати за членови на управен одбор на GS1 Македонија
  • ПОВИК на GS1 Македонија до сите свои членки
  • ОДЛУКА за избор на членови на Управниот одбор на Здружението на граѓани Асоцијација за GS1 стандарди GS1 Македонија, бр.936/4.
  • ОДЛУКА за избор на претседател и заменик-претседател на Собранието на GS1 Maкедонија, бр. 936/3.

15.05.2012

12.07.2011

  • ОДЛУКА за измена на статутот на GS1 Македонија, бр. 222/2

19.04.2011