еИнфo
No6 - Октомври 2013


Превземи PDF 

Содржина

GS1 DataBar насекаде низ светот

САД Канада
Велика Британија Австрија
Холандија Јужна         Кореја
Ирска Австралија
Белгија/ Луксембург Jaпонија
Полска  
 

 

Темa на бројот

Бизнис бенефити за специфични области  

Месо, живина и морска храна
Млеко и млечни производи
Производство
Книги и магазини
Фармацевтски производи
Купони
Мали производи

 

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   

    Исполнувајќи го ветувањето во септемврискиот број на нашето е-ИНФО, во овој број на списанието продолжуваме со обработка на новата генерација баркодови, поточно GS1 DataBar-от. Ви нудиме многу интересни написи со примери за употребата на овој бар код или за Пилот проекти, како и бенефити од неговото користење во различни земји во светот и специфични сектори.

    Се надеваме дека со првичните текстови кои содржеа основни информации и технички карактеристики за GS1 DataBar-от, успеавме да го привлечеме Вашето внимание. Да потсетиме дека сите производи не можат да се баркодираат со ЕАН-13 баркод симболот, или тој GTIN не ги задоволува бизнис потребите на одредени индустриски сектори. А производите кои не се бар кодирани предизвикуваат проблеми, грешки и дополнителни трошоци.

     Со оглед дека за одредени производи, особено помалите производи (козметички, медицински, накит, свежо овошје и зеленчук), а особено за прехранбените продукти со променлива тежина или покус рок на траење од месната и млечната индустрија, е потребно да баркодот содржи повеќе податоци на помал простор, GS1 DataBar-от е идеално решение за реализација на овие деловни барања од учесниците во синџирот на снабдување.

     GS1 DataBar-от предизвикува револуција на наплатните места, бидејќи овозможува следливост до самата каса, а обезбедува бенефити и за производителите (подобрена комуникација со потрошувачот и одлука да го купат, поради зголемен број информации на помал простор на етикетата), за трговците (во својот интегриран информационен систем имаат повеќе податоци кои им го олеснуваат складирањето, редењето на полици, евиденцијата на залихите, идентификација на роковите за употраба, па можат навремено да ги продадат и намалат трошоците за чување и губитоците при нивно елиминирање), за потрошувачите поголема заштита и поголема доверба (секој производ со констатирана неправилност, грешка или изминат рок на употреба, преку информациониот системот кај трговецот автоматски се стопира неговата продажба на каса).