Прославен јубилејот на GS1 Македонија

30 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНА РАБОТА СО МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ

Оваа година се одбележува значаен јубилеј за GS1 Македонија – 30 години од нејзиното формирање. Во таа чест во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија на 09.05.2025 беше организирана прослава и промоција на Монографијата во чест на јубилејот – 30 години Глобален јазик на бизнисот.

По осамостувањето на нашата држава, во 1994 година во рамките на Стопанската комора се формира сектор задолжен за издавањето на бар кодовите EAN МАК, кој што станува полноправен член на EAN International.

Во 2006 година следејќи ги меѓународните текови EAN MAK се преименува во GS1 Македонија, а во 2009 година се формира и посебен правен субјект и се одржува Првата седница на Генералното собрание на GS1 Македонија.

Денес, после 30 години постоење, GS1 Македонија обединува над 1300 своите компании - членки на едно место (голем дел од мулти-секторското македонското производно стопанство, трговците на големо и мало, како провајдери на софтверски и хардверски решенија, здравствени установи) и притоа соработува и со бројни владини институции и регулаторни тела итн. GS1 Македонија исто така е отворена и остварува соработка и со разни образовни установи и стопански асоцијации.

Меѓутоа, GS1 организациите не се фокусираат на своето минато и начинот на кој што еднаш извршија револуција во начинот на кој што фирмите функционираат и комуницираат преку бројните иновации како бар кодовите (GS1-13, логистичка етикета, глобални регистри и електронска размена на податоци – EDI), туку секогаш се фокусира на иднината.

Сега сме соочени со два нови предизвици – дигитализација на македонските компании и миграцијата од 1D во 2D бар кодовите.

Не постои бизнисмен, кој што сеуште се сомнева во моќта на дигитализацијата, а развојот на технологијата и практичните примери како GS1 стандардите ја зголемуваат профитабилноста на компаниите и ги намалуваат трошоците и грешките во работењето само ја потврдуваат тезата дека доколку сериозно не се пристапи на оваа тема, јазолот меѓу нашите компании и компаниите од светот ќе биде се поголем и ќе се изгуби битката за било каква конкурентност. Во склоп на оваа цел, во изминатиот период беа развиени каталози, односно регистри на податоци насекаде во светот. Во нашата земја беше имплементиран GS1 каталогот, преку кој им се овозможи на компаниите да внесуваат податоци за нивните производи и истите тие податоци да бидат јавно достапни за крајните потрошувачи. Во таа насока беше развиен и посебен модул за активација на бар кодовите myGS1, преку кој се овозможи регистрирање на бар кодовите со внес на името на брендот и името на производот. Двата проекти функционираат непречено во изминатите 5 години и се основата врз која ќе продолжиме да ја развиваме стратегијата за реализирање на проектот за дигитализација на податоците.

Миграцијата од 1D во 2D бар кодовите веќе е отпочната на државно ниво и во иднина 2D бар кодовите ќе се користат се повеќе. Во дводимензионалните бар кодови може да се вклучат секаков тип на логистички информации за производот, како датум на употреба, број на парчиња, batch/lot, сериски број и други специфични податоци. Поради тоа, ваквите бар кодови се сметат дека се иднината, бидејќи можат да овозможат експресна проверка на каса за датумот на употреба или серискиот број и да спречат производот да биде купен доколку тоа е потребно, односно целосна автоматизација на сите процеси поврзани со приемот и испораката на производот. Дводимензионалните кодови (GS1 DataMatrix, GS1 Databar, GS1 QR код) се користат при транспорт и логистика веќе долг период и го олеснуваат процесот преку автоматизирање на клучни делови при прием и испорака на трговски производи и следната фаза е поместување на ваквиот опсег од повисоките нивоа од хиерархијата на пакувањето (палети и кутии) на најниското ниво (поединечен производ).

Видеа


Галерија

Монографија

Корисни линкови