Македонски
English
Постапка за зачленување
Процедурални чекори:
- Искажување интерес за членување во GS1 Македонија и пополнување и достава на Пристапница
и на GS1-01
Анкетен формулар; (Пристапница
[PDF] и Анкетен фомулар
[PDF])
- Информирање за Меѓународната GS1 организација и Статутот на GS1 Македонија, и прифаќање
на неговите одредби;
-
Уплата на пристапнина и членарина согласно донесената
одлука за утврдување на висината на пристапнината, членарината и надоместокот за
користење на ГС1 бројот за 2018 година, бр. 02-175/6
- Обезбедување увид во релевантна документација; и
- Потпишување Договор за членување во GS1 Македонија. За
да ја преземете првата страница на Договорот која можете да ја пополните со Вашите
податоци одете на следниов линк: Договор страница 1
По регулирањето на наведените формалности на членката и се издава РЕШЕНИЕ
со кое и се доделува Единствен Матичен GS1 број.
Зачленувањето се изведедува:
- Со непосреден контакт со стручната служба на GS1 Македонија;
- Преку пошта/факс; или
- Е-комуникација.
ВАЖНО: Доколку Договорот се потпишува во просториите на GS1 Македонија,
застапникот на членката мора со себе да има печат и штембил, а доколку истиот не
е управител, и соодветни овластувања.
На увид треба да се донесе или достави:
- Решение за упис на фирма и тековна состојба од Централниот регистар на Република
Македонија - оригинал или копија заверена кај нотар
По извршениот увид и верификација на податоците презентирани во Пристапницата и
GS1-01 Анкетниот формулар, сите документи се враќаат.