Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Во 70 години на минатиот век со развојот на потрошувачкото општество и креирањето на синџири супермаркети се појавила потребата од уникатно означување на производите. На 31 март 1971 година, индустриските лидери го избираат универзалниот код на производот или Глобален број на трговска единица и преку таа историска одлука ја воспоставуваат основата за најразвиениот систем на соработка, иновации и лидерство.
Развојот на бар кодот е причината за создавање на глобалната дигитална комерција и е една од најважните сеуште непознати приказни во историјата на интернационалниот бизнис - неповторливо обединување на конкурентски компании за решавање на вистински бизнис проблем.
Денес, над 120 GS1 невладини организации на 6 континенти во светот ги развиваат и одржуваат глобалните GS1 стандарди кои се изградени на основата на тој 13 цифрен бар код, кој што е скениран над 6 милијарди пати дневно.
GS1 Македонија веќе 27 години е дел од GS1 интернационалниот систем и е единствена организација одговорна за воведување, примена и развој на GS1 системот на стандарди за автоматска идентификација на производи и услуги, електронска размена на податоци и обезбедување на неутрална платформа за отворена соработка помеѓу сите деловни партнери и стопански субјекти.
Новите технологии, кои вклучуваат голема количина на податоци, новата генерација на бар кодови и новите предизвици со кои се соочуваат компаниите укажува дека сега е моментот за бизнисите повторно да соработуваат и да ја трансформираат економијата во 21 век. Во наредните броеви ќе ја запознаеме пошироката јавност со повеќе детали за проектите и стандардите на кои работи GS1 организациите.