Управување со дигитални купони

Со порастот на електронската трговија, купоните сега можат да бидат ставени на повеќе различни канали за да стигнат до потрошувачите. За да останат работите едноставни, нашиот GS1 стандард за управување со дигитални купони обезбедува заеднички безбеден и сигурен процес за управување со дигиталните купони.

 

Стандард

Нашиот стандард за управување со дигитални купони може да Ви помогне во било која фаза од животниот циклус на дигиталните купони, вклучувајќи го поставувањето и комуникацијата, откривањето и барањето, проверката и користењето, презентацијата, известувањето и финансиското порамнување.

Погледнете ги стандардите поврзани со управувањето со дигитални купони

Имате прашања?

Ние можеме да Ви помогнеме во примената на GS1 стандардот за управување со дигитални купони.