Податочен квалитет

Бизнисите се добри онолку колку и нивните податоци. Високо квалитетните податоци се од најголемо значење за привлекување на интересот на потрошувачите и тие податоци се главен двигател на зголемувањето на електронската продажба.

Нашите стандарди Ви дават алатка за создавање на цврста основа за подобрување на податочниот квалитет и продлабочување и проширување на деловните соработки.

Бенефити

  • Го зголемува задоволството на потрошувачите преку пласманот на точни податоци за продуктот – состав, ценам нутритивни информации итн.
  • Ја зголемува довербата и соработката меѓу деловните партнери.
  • Ја зголемува ефикасноста на синџирот на снабдување преку намалување на трошоците преку намалување и минимизирање на грешките.
  • Го намалува доцнењето на местото на продажба како резултат на намлените грешки при мерењето.
  • Ја зголемува доверливоста и ефикасноста на транспортот и доставата на продуктите до продавниците и магацините.
  • Обезбедува подобро задоволување на индустриските стандарди и регулаторни барања

Вебинари за податочен квалитет

Секој заинтересиран за GS1 стандардите и нивната поврзаност до податочниот квалитет, може да го проследи вебинарот даден во прилог тука. 

Најнови вебинари: Податочен квалитет - иницијативи и имплементација

Податочен квалитет и EU 1169

Доколку сте дел од индустријата за производство на храна, тогаш Вашата компанија треба да ги задоволува барањата на ЕУ регулативата 1169/2011 и Правилник за информации поврзани со храната на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.