Трговија на мало

Денешната трговија на мало е соочена со исклучителни предизвици во дистрибутивниот синџир и зголемени кориснички барања

Без разлика дали трговијата се одвива online или во продавница, GS1 бар кодовите нудат точни информации за трговците и брендовите, помагајќи им и на големите и на малите бизниси.

GS1 стандардите и услугите овозможуваат доверлива, комплетна и точна идентификација на производите, како и споделување на податоците. Подобри податоци значи и подобра услуга.

GS1 бар кодот (GS1 GTIN) е основниот идентификациски клуч, кој што им помага на трговците и сопствениците на брендот уникатно да ги идентификуваат нивните производи во физичкиот и дигиталниот свет.


Патувањето на податоците за производот: дигитализација и стандардизација

GS1 има долга историја во оваа индустрија, а уникатното „бип“на GS1 бар кодовите се слуша во продавниците повеќе од 5 милијарди пати дневно. Денес постојат различни начини кои ги користат потрошувачите за набавка на потребните продукти, но сепак потрошувачите бараат еден гладок продажен канал, канал кој ќе ги достави продуктите кои ги бараат во нивните домови. Потрошувачите создаваат „сопствен синџир на снабдување“ со храна, облека, електрични уреди и.т.н. – GS1 стандардите можат да помогнат.

1. Идентификација на производите

GS1 бар кодови

2D barcodes

2. Регистрирај и верификувај производ

Верификувано од GS1

3. Креирај и сподели податоци за производот

GDSN

GS1 DigitalLink

Индустриите од овој сектор се во постојана трка за задоволување на барањата на корисниците, GS1 стандардите претставуваат основ за задоволување на овие барања

Постои причина поради која нашите стандарди се најупотребувани стандарди во индустријата на трговија на мало ширум светот. Низ годините им имаме помогнато на илјадници трговци и на нивните снабдувачи за прибирање и споделување на точни информации за нивните продукти, од изворот до потрошувачите. Им помагаме во поедноставување и во зголемување на ефикасноста на синџирот на снабдување, во управувањето со средствата и во зголемувањето на достапноста на нивните продукти на полиците во маркетите – секогаш кога потрошувачите ги бараат.

Резултат? Задоволни корисници, зголемен профит и значителни заштеди.

Потсектори