Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Во време кога живееме во еден отворен пазар, каде потрошувачите купуваат преку Интернет, каде доставата на производи е бесплатна или со минимален трошок, традиционалните издавачи бараат нови начини за привлекување и задржување на читателите во нивните продавници. GS1 Македонија им обезбедува пристап на сите членки во GS1 системот и им обезбедува широк опсег на едукативни и тренинг сесии на сите сектори, вклучувајќи го и издавачкиот со цел да помогне им помогне на компаниите успешно да се носат со новите трендови и технологии.
Кога се идентификуваат книги или други публикации, компанијата која ги издава може за нивна идентификација да користи GTIN број како и при идентификација на било кој продукт за широка употреба. Сепак, препорака е да се користи ISBN бројниот систем. GS1 префиксите 978 и 979(*) се доделени на ISBN (http://www.isbn-international.org/), која е задолжена за доделување на овие броеви за книги на издавачите. Во секоја држава постои тело кое ги издава овие ISBN броеви.
Забелешка: ISBN броевите не смее да се користат за продукти кои не се книги дури и во случај кога тие продукти се поврзани со книгата (пример, мечиња, шолји, маици...продукти кои се поврзани со промоција на дадена книга). Овие продукти кои не се книги се кодираат на ист начин како и секој продукт наменет за широка потрошувачка. Секоја логистичка единица составена од повеќе исти книги се идентификува со сопствен GTIN број.
Прва и препорачана опција е користење на ISSN системот. GS1 префиксот 977 е доделен за кодирање на ISSN бројот кој е доделен на дадена периодична публикација.
Втора опција е идентификацијата на периодичните изданија да се прави како и секој друг производ за широка потрошувачка со користење на GTIN-13 или GTIN-12.
Форматирање на ISSN податочната низа:
Цифрите за варијанта N11 и N12 може да се користат за означување на варијанта на истиот наслов со различна цена или за идентификација на истото издание издадено ден подоцна во иста недела. Вредноста на овие цифри за првото издание е 00.
ISBN систем (International Standard Book Number) е Меѓународен систем за идентификација на секоја пооделна книга (монографска публикација) со помош на бројки.
ISBN е единствен и незаменлив број кој се однесува само за еден наслов, односно за неизменето издание на еден ист наслов од ист издавач.
ISBN се доделува на публикациите под контрола на Меѓународната Агенција за ISBN во Лондон.
ISBN е составен од префиксот "ISBN" и број од тринаесет цифри, распоредени во пет целини/групи, кои се меѓусебно разделени со цртичка или проред, според следниот редослед:
Пример: Книгата "Linear and Nonlinear Models" што е објавена од Walter de Gruyter во Берлин ја има следнава ознака:
ISBN 978-3-11-016216-5
978 - префикс на ISBN
3 - меѓународен број за германско јазично подрачје
11 - ознака за издавачот (издавачки код/идентофикатор)
016216 - ознака за насловот
5 - контролен број
Означувањето на секоја книга си ISBN, која се вклучува во Меѓународната автоматизирана база, овозможува да се утврди:
Агенцијата за ISBN на Република Македонија, која доделува во рамките на Националната и униварзитетска библиотека „Св. Климент Охродски“ во Скопје, ги доделува ISBN ознаките за издавачите во нашата земја.
ISBN по правило добиваат:
ISBN по правило не добиваат:
ISSN (International Standard Serial Number)-Меѓународен стандарден број за сериски и тековни публикации кој овозможува идентификација и контрола на сите извори во континуитет издадени на национално и интернационално ниво.
Публикација на било кој медиум, издадена непрекинато во делови, кои имаат бројчани или хронолошки ознаки, со цел да бидат објавувани неопределено, во континуитет.
Основа на ISSN системот е „делување во пар“ или единство на двата елемента клучен наслов и ISSN . Промената на првиот е услов за промена на вториот елемент.
Изданијата на еден ист наслов без разлика дали се печатени или се достапни на друг вид медиуми (CD-ROM, онлајн, магнетни медиуми, микроформи...) добиваат сопствен ISSN
Пример:
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (print) ISSN 1857-5552
Macedonian Journal of Chemistry and Chemical Engineering (on-line) ISSN 1857- 5625 www.mjcce.org.mk
Секој доделен ISSN на сериска публикација се регистрира во Меѓународната база на податоци: ISSN Register.
Базата претставува најкомпететнтен и широко достапен извор на информации за идентификација на сериските публикации од цел свет
ISSN Register базата се ажурира и објавува од страна на Меѓународниот ISSN Центар од Париз и е достапна на два медиуми:
ISSN мрежата ја сочинуваат nационалните центри од целиот свет и Меѓународниот ISSN центар во Париз кој ја координира работата на националните центри.
ISMN (International Standard Music Number) е меѓународен стандарден број за музика кој се користи за идентификација на печатени музикалии (партитури, штимови или елементи во мулти-медијален комплет).
Агенцијата за ISМN на Република Македонија во рамките на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски’’во Скопје.
ISMN се доделува на:
ISМN не се доделува на:
ISМN се доделува на првото издание на секои печатени музикалии, на секое наредно издание на истата публикација, доколку има измени. Нов ISМN број не се доделува на ново неизменето издание, односно препечатено во ист формат од истиот издавач.
ISМN доделен еднаш на еден наслов не смее да се користи за друг наслов.
ISMN мора да биде отпечатен на видно место во публикацијата, на задната страна на партитурата или штимот. По можност ISMN се печати со податокот за авторско право. Доколку публикацијата се издава електронски ISMN мора да се појави на страната на екранот која го прикажува насловот или неговиот еквивалент.
Напомена:Доколку ви е потреба логистичка етикета или SSCC вие мора да имате GS1 комапниски префикс, односно да бидете членка на GS1 Македонија
За повеќе информации за GS1 системот и/или негова импалментаицја во Вашата организација контактирајте не.
НУБ „Св. Климент Охридски “- Скопје