Здравство

Како пациент имате право на најдобрата нега. Со користењето на нашите стандарди во здравствениот сектор се зголемува безбедноста на пациентите, се зголемува ефикасноста на дистрибутивниот синџир и се подобрува следливоста на лековите.

GS1 глобалните стандарди од ден на ден заземаат се позначајно место во сите области од здравствениот сектор, како на глобално ниво, така и во Република Македонија.
Над 50 водечки компании од здравствениот и фармацевтскиот сектор во Републиката ги препознаа GS1 стандардите како алатка за подобрување на процесите во сопственото работење, а со крајна цел зголемена безбедност на пациентите и намалување на трошоците.
За да се обезбеди сигурноста и интегритетот на здравствениот дистрибутивен синџир, очигледно е дека националните решенија не се ни доволни, ни ефикасни. Поради тоа, значаен чекор во здравствениот сектор е прифаќањето на единствен глобален стандард.

GS1 стандардите во акција - поддршка на дигиталната трансформација во здравството за подобри резултати

Придружете ни се и дознајте како да извршите прифаќање на стандардите кои го подобруваат лекувањето на пациентите секојдневно, насекаде во светот.

Со користење на 6 кориснички сценарија со едноставни анимации, на интерактивен начин е објаснет процесот на прифаќање на GS1 стандардите во сите засегнати субјекти во здравствениот сектор.

Побезбедна, поефикасна нега започнува со едноставно скенирање.

Преку скенирањето на оваа локација со користење на GS1 стандардите се минимизираат медицинските грешки и тоа води до подобрена безбедност на пациентите.

image

Со користењето на GS1 стандардите се снимаат податоците во клиничките системи и се подобрува брзината аи точноста на прибирање на податоците, се обезбедува поддршка при носењето медицински одлуки и се подобрува следливоста и отповикувањето на медицинските производи.

text

Способноста да се идентификува производот преку batch или сериски број со користење на GS1 стандардите е основата за поефикасно, поточно и пофокусирано отповикување.

Прикажано е фиктивно отповикување на производ, дизајнирано со цел да се потенцираат начините како GS1 стандардите помагаат да се постигне видливост и сигурност. Процесите за отповикување се разликуваат во зависност од регулаторните прописи за отповикување на територијата каде што случило.

text

GS1 стандардите ја подобруваат следливоста, видливоста и помагаат да се спречат фалсификуваните или несоодветните лекови да стигнат до пациентите.

text

Точни податоци за производите, разменети со GS1 стандардите, водат до подобрена грижа за пациентите и поефикасни процеси на набавка, складирање и плаќање.

text

Ефикасен дистрибутивен синџир и менаџирање на инвентарот, базирани на GS1 стандарди креираат видливост, ги обезбедуваат потребните нивоа на инвентар и можат да водат до намалување на отпадокот.

text

Како пациент Вие заслужувате најдобра медицинска грижа. Употребата на GS1 стандардите во здравството ја зголемуваат безбедноста на пациентите, ја зголемуваат ефикасноста на синџирот на снабдување и ја подобруваат следливост на медикаментите.

Владините тела во голем број земји, вклучувајќи ја и нашата, развиваат регулативи за следливост на лековите, а во тек се и бројни пилот проекти, истражувања за подготвеноста и подготовка на планови за прифаќање на GS1 стандардите. Идентификувањето на производите во здравствениот дистрибутивен синџир е значаен дел од следливоста. Со неговата мала димензија и висок капацитет на содржани податоци, GS1 DataMatrix бар кодот е особено наменет за Здравството.

Според извештајот на McKinsey & Company од 2012 година, со прифаќањето на глобалните стандарди низ целокупниот дистрибутивен синџир може да се спасат од 22.000 до 43.000 животи и да се избегнат од 0.7 до 1.4 милиони медицински грешки кај пациентите. GS1 системот на стандарди на глобално ниво може да спречи фалсификат лекови со вредност од десетици милијарди долари да влезеат во легитимниот дистрибутивен синџир и да ги намали целокупните трошоци од 40 милијарди долари.

Многу сме задоволни што во GS1 стандардите го најдовме клучот за реализација на нашата стратегија и визија за развој, а тоа е воведување на интегриран систем за болничко работење по светски стандарди“ — Академик д-р. Жан Митрев

Во рамките на GS1 глобалната организација во 2005 год. во координација со светските фармацевтски куќи формирана е работна група за развој на системот во здравството HUG (Healthcare User Group) која работи на изнаоѓање на нови решенија и забрзување на примената на GS1 стандардите на глобално ниво.

Во HUG активно учествуваат 33 национални организации, вклучувајќи ја и GS1 Македонија. Во 2012 година GS1 Македонија формираше национална работна група за здравство, која ја има мисијата да ги развива GS1 стандардите во нашето здравство.

GS1 стандардите ја зголемуваат безбедноста на пациентите: