Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Алкохолните пијалаци беа изземени од задолжителното прикажување на листата на состојки и нутритивните факти наметнато со одредбите на ЕУ регулативата 1169/2011. Дали следуваат промени на ова поле?
Европската комисија неодамна одлучи повторно да одлучува дали производите на индустријата за алкохолни пијалаци треба да подлежи на истите барања како и другите производи опфатени со ЕУ Регулативата 1169/2011.
Компаниите и организациите кои се спремни да започнат да ги означуваат своите продукти и сервиси со бар кодови, прво треба да аплицираат во националната канцеларија на GS1 во својата земја и од таму да добијат свој сопствен уникатен компаниски идентификационен број, наречен Глобален компаниски префикс или GCP). Овој префикс се користи за создавање на различни видови на идентификациони броеви кои се користат низ синџирот на снабдување од страна на производителите, шпедициите и трговците, а со цел да го направат својот бизнис по ефикасен преку употреба на автоматизација, како на пример скенирање на бар код на каса за производи купени во маркет.
Во оваа смисла, индустријата за алкохолни пијалаци до Европската Комисијата поднесе предлог за саморегулација. Овој предлог за саморегулација се состои од следниве документи до кои можете да пристапите со отворање на вградените линкови во насловите на документите на англиски јазик:
ПРОБАЈТЕ - > Доколку веќе поседувате GS1 број, Вие можете да ја проверите вашата регистрација во глобалната база на податоци GEPIR http://www.gepir.org/ - или пробајте да го пребарате било кој продукт што Ви е при рака – пакување со млеко, пакување на леб, или тегла со конзервирана храна, внесете го бар кодот во GEPIR за да го видете името на сопственикот на брендот.
GS1 Европа (GS1 in Europe) со голем интерес го следи развојот на оваа легислатива, благодарение на структуираниот дијалог со вклучените Европски Асоцијации. European cider and fruit wine association annex
Изминатиов период, повеќе состаноци се одржаа со Асоцијацијата на Производители на Алкохолни Пијалоци „spiritsEUROPE“ (www.spirits.eu), чија мисија е да го застапува, одбрани и промовира европскиот сектор на алкохолни пијалаци. Таа претставува 31 национална асоцијација и 8 мултинационални компании.
За повеќе информации за новите барања, најновата веризија на водичот на GS1 in Europe за користење на GS1 Стандардите и другите документи отворете го наредниот линк: http://www.gs1.eu/activity/eu-1169-regulation-on-food-labeling
Текстот е преземен од вестите на страницата на GS1 Европа: http://www.gs1.eu/news/labelling-of-alcoholic-beverages-in-europe