Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ и GS1 Македонија, потпишан на 27.10.2015, кога и свечено се промовираше новиот изглед и зголемената функционалност на нашиот GS1 Каталог, даде особен поттик кон зацврстување и интензивирање на меѓусебната соработка. Во континуитет на настанот, беше одржана и првата интерактивна работилница за новите измени во означувањето на храната на која стручно толкување на задолжителните нови правила дадоа стручни лица од АХВ. Активно учествуваа 83 фирми, воглавно од Скопје, со вкупно 103 учесника.
Дадената поддршка од АХВ беше во насока да заедно со GS1 Македонија навремено се информираат македонските компании кои се од прехранбениот сектор за новите пропишани правила содржани во Правилникот за информации поврзани со храната, кој стапи на сила на 13.05.2016 година, а кој е базиран на ЕУ регулативата 1169/2011.
Веднаш по потпишување на Меморандумот, на 06.11.2015 година се одржа втората заедничка работилница во Струмица, на која присуствуваа наши членки и од Радовиш, Валандово, Гевгелија, Берово, Пехчево и Штип, вкупно 41 фирма со преку 50 учесника.
Во 2016 година тимот на GS1 Македонија заедно со стручни лица од АХВ предводени од г-ѓа Светлана Колариќ, државен советник за храна, и г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија реализираше сериал од 6 заеднички едукативни работилници низ поголемите градови од Републикава на тема "Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди". Работилниците се одржуваа по следниот редослед:
Работилниците беа едукативни и интерактивни. GS1 Македонија спроведуваше практична обука за внесување на производите во GS1 Каталогот, а од страна на претставниците на Агенцијата е дадено стручно толкување на Правилникот за информациите поврзани со храната. На работилниците активно учествуваа 300 претставници од 250 компании, членки на GS1 Македонија. Од страна на учесниците работилниците беа оценети многу позитивно, а истовремено големо беше задоволството кај организаторите, што ја постигнаа целта за едукација и навремено информирање на целната група од бизнис заедницата во Републиката.
Со оглед што на сите работилници се обработуваше иста тема, на секоја од нив од страна на GS1 Македонија воведно обраќање имаше Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Mакедонија. Таа ја потенцираше основната цел на работилниците, а тоа е да се објасни ефикасноста на GS1 Каталогот како бизнис алатка за промоција на македонските производи и основ за зголемување на нивната конкурентност од една страна, а од друга да се потенцира и важноста на новиот Правилник за информации поврзано со храната и ЕУ регулативата 1169/2011. За важноста на GS1 Каталогот кој е комплетно усогласен со новиот Правилник за информации поврзано со храната и ЕУ регулативата 1169/2011, како и за начинот на неговото користење детално објаснување даваа м-р Александар Кедијоски и м-р Кирил Коровешовски, стручени соработници во GS1 Mакедонија.
Од страна на АХВ стручно толкување на новиот Правилник за информации поврзано со храната, изготвен согласно ЕУ регулативата 1169/2011, имаше Светлана Колариќ, државен советник за храна при Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија. Во своите излагања, низ практични примери, таа посочи дека новиот правилник треба да биде основа при означувањето, но секогаш треба да се земаат во обзир и посебните правилници за означување на производите од одредена индустрија. За дополнителните задолжителни информации за храната, свои излагања имаше Зоран Антовски, помлад соработник во Сектор за инспекција при Агенцијата.
Работилниците беа интерактивни и нудеа одлична можност да компаниите можат директно да поставуваат прашања и разрешат одредени дилеми при толкување на регулативата од една страна, но и да постават прашања околу внесувањето на матичните податоци за своите производи во самиот каталог.
Настани
Новости