еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

Промес ДОО Скопје

Митко Ќосев,
Еден од основачите и сопственици
“Нашата мисија на потрошувачите да им понудиме здрави, свежи и квалитетни произ-води, а со тоа да ја исполниме нашата визија да бидеме пазарен лидер во регионот во нашата дејност и да осво-јуваме нови пазари, сигурни сме дека ја реализираме сега кога ги имаме воведено GS1 стандардите во нашето работење. Во нашиот информационен систем, од секогаш сме ги следеле лотовите и датумите најдобро до кај суровините. Со GS1 DataBar-от, таа следливост во секое време ја имаме и кај готовиот производ, што е многу важно за нас.

Само со следење на нови технологии и воведување на светски стандарди, како што е и GS1 стандардот, може да се дојде до успех и просперитет на секоја компанија.

Македонија е релативно мал пазар, ние имаме квалитетен производ, кој што сега е означен по светски стандарди, кои се бараат на европскиот и светскиот пазар. Со тоа ни се отвараат нови можности и предизвици.”
   Профил на компанијата

  Промес ДОО Скопје е македонска компанија за производство и промет со месо и преработка на месо. Формирана во 1992 година, со постојано фокусирање кон потрошувачите и понуда на голем број на здрави, свежи, квалитетни и проверени месни производи, Промес денес е пазарен лидер во месната индустрија.
  Со 250 вработени луѓе со различен образовен профил (касапи, технолози, економисти, итн.), таа се наоѓа на првото место по однос на пазарниот удел во Македонија од областа на месните индустрии по волумен и вредност на продажба и е во редот на 200-те најголеми компании во Република Македонија.
  Производството во Промес се одвива по најсовремена технологија, по строго пропишани рецептури и начин на производство. Суровините кои се потребни за производството директно се увезуваат од Германија и Австрија. Производите на Промес се сертифицирани со HACCP. Вкупната палета на производи на Промес вклучува: свежо месо, свежи месни производи, сувомеснати производи – шунки, барени производи, качена роба и кобасичарски производи).
   Освен сопствената малопродажна мрежа од 30 објекти низ Република Македонија, производите на Промес можат да се пронајдат во голем број маркети.
  Доказ за квалитетот на производите, произведени по водечки стандарди во месната индустрија, се задоволните купувачи и одличната репутација на оваа компанија.