еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

ИМП Солета ДООЕЛ Скопје

Ивана Илиоска,
Директор за производство и логистика
“Во 2012 година во нашата компанија започнавме процес на импле-ментација на нов информационен систем во кој го интегриравме и воведениот HACCP систем. Со нашето активно учество  на  работилниците, што ги организираше GS1 Mакедонија во 2011 и 2012 година се стекнавме со нови знаења и за GS1 стандардите во вистински момент. Имајќи ги во предвид карактеристиките на GS1 DataBar-от решивме да го имплементираме во нашиот информационен систем со што сме сигурни дека сме направиле уште еден чекор напред за нашата компанија од аспект на подобрена следливост и внатрешна контрола.

 Автоматизацијата на етикетирањето на производите со GS1 DataBar-от во процесот на мерење и пакување ги елиминира можните грешки. На овој начин се добива на брзина, точност, како и беспрекорна следливост на залихи и контрола на кало, што е од исклучително значење за нашиот севкупен систем на работење.”
 
   Профил на компанијата

  Индустријата за месни преработки “Солета” ДООЕЛ Скопје има долгогодишна традиција на производство на квалитетни македонски месни производи. Започнува со работа на 19 декември 1996 година и со напорна работа и големи амбиции успева да создаде цела палета на бренд производи, сертифицирани со HACCP сертификат, кои се застапени во нивните малопродажни објекти (дисконти), како и во сите поголеми и помали маркети на територијата на Р. Македонија, како и надвор од границите на нашата држава.
  ИМП “Солета” ДООЕЛ Скопје има организирано производство на површина од 2400 m2, опремено според највисоките технолошки стандарди од областа на месопреработка. Производствениот погон е опремен со модерно дизајнирани машини со електронска контрола и управување.
   Асортиманот на Солета ДООЕЛ Скопје го сочинуваат 70-тина производи, кој што континуирано се зголемува со нови производи, при што се задоволуваат основните производствени критериуми и стандарди.
  Следејќи ги европските и светските трендови, со повеќегодишно искуство Солета успеа да создаде производи со препознатлив вкус и врвен квалитет, а за што потврда е и знакот за квалитет (производи со најдобар вкус и најдобро пакување) - “Со гордост од Македонија”, со кој биле наградени две години по ред.