еИнфo
No15 - Септември 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Регулативи

Каталог


Соопштение


GDSN

Компаниите може да разменуваат податоци за 15 милиони производи преку GDSN

Со континуираниот раст во последните години GDSN ја достигна бројката од 15 милиони трговски единици

    Брисел, Белгија, 22 септември 2014 - GS1 глобалната организација, која ги развива и одржува светски распространетите стандарди во дистрибутивниот синџир, објави денес дека GS1 Глобалниот регистар содржи 15 милиони податоци за производите. Глобалниот регистар е директориум, кој го користи GS1 и преку кој компаниите ги синхронизираат стандардизираните податоци за производите меѓу трговските партнери. GS1 Глобалниот регистар и е основната алатка во рамките на Глобалната мрежа за синхронизација на податоците (GDSN).

    “Зголемената брзина за рекламирање, подобрената точност и ефикасност на дистрибутивниот синџир беа главните причини за прифаќање на глобалната синхронизација на податоците. GDSN не значи само дека компаниите и нивните трговски партнери ќе ги користат истите податоци, туку и дека квалитетот на податоците е на високо ниво кое е потребно во дистрибутивниот синџир” - Roman Coba, Главен информатички директор во McCain Foods Limited.

    Кога GS1 прв пат го стартуваше GDSN во октомври 2004 година, се разменуваа 74.000 податоци за производите меѓу трговски партнери од 13 земји во Глобалниот регистар. Денес над 25.000 компании го користат GS1 GDSN како основен елемент во сите нивни операции во дистрибутивниот синџир во повеќе од 150 земји во многубројните индустриски сектори. GDSN се користи и во нови бизнис процеси, кои не можеле да бидат предвидени пред 10 години, што е потврда дека корисниците во Глобалната мрежа за синхронизација на податоците ги имплементираат GS1 стандардите за нови процеси, како што е почитувањето на регулативите. Откако бројот на податоци за производите достигна 10 милиони во 2012 година, се забележа брз пораст на користење на глобалната синхронизација на податоците во здравствениот сектор со внесувањето на 1 милион производи во Глобалниот регистар (поголем дел од податоците се однесуваат на медицински помагала, како дел од FDA правилото за уникатна идентификација на медицински помагала). Организациите кои ја имплементираа оваа нова технологија имаат зголемена достапност на залихите, поефикасна логистика, корисничка услуга и менаџирање на инвентарот, како резултат на намалениот број на неусогласеноста во дистрибутивниот синџир и подобрување на точноста на податоците за производите.

    “15 милионитиот производ претставува потврда на растечкиот успех на GDSN, но и демонстрација на важноста на стандардите за квалитетот на податоците, кои забрзано се прифаќаат на глобално ниво. Во последните две години многу организации ги препознаа бенефитите од прифаќање на GDSN во нивните бизнис процеси, што го потенцира успехот на GS1 стандардите.” - Miguel Lopera, Главен извршен директор на GS1 GO.

    Тргнувајќи од 15 милионитиот производ како историско обележје, во иднина GS1 експертите очекуваат зголемено користење на GDSN во повеќе различни индустрии (здравство, трговија на мало, свежа храна,...), како и зголемена потреба од податоци за тоа како производот се доставува до маркетите, инструкции за употреба и користење, атрибути за следливост, нутритивни информации, класификација и регулаторни параметри. Потребата од поголема видливост на податоците, како што се нутритивните информации и спецификацијата на податоците ќе се зголеми експоненцијално, со цел да се задоволат барањата на регулаторите, потрошувачите, како и растот на електронската трговија. Прифаќањето на индустриски стандардно решение како што е GDSN, може да ги задоволи сите тие барања.