Сo GS1 стандардите до зголемена конкурентност на македонската текстилна индустрија

Успешно одржан првиот семинар за текстил во Република Македонија

Alibaba&GDSN

За да бидат препознатливи на светскиот пазар и во глобалната дистрибутивна мрежа, македонските текстилни компании треба да го воведат GS1 стандардот кој не подразбира само универзално идентификување на производите, во секоја земја, туку и можност за непречена соработка со странски партнери на сите нивоа, подобро работење, помали трошоци, поголема продуктивност, ефикасност, продажба, извоз и оптимални залихи.

Ова беше истакнато пред денешната презентација „Со GS1 стандардите до зголемена конкурентност на македонската текстилна индустрија“ во Стопанската комора, на која искуствата од примената на GS1 и од воведувањето на новите, иновативни технологии ги пренесе германскиот експерт Маркус Милер, директор во GO.

- GS1, познат уште како „глобален јазик на бизнисот“, не значи само заштита од фалсификати, туку и јакнење на брендот или практично, подготовка на македонските компании за надворешниот пазар кој е немилосрден, напомена Слаѓана Милутиновиќ, директор на GS1 Македонија.

Alibaba&GDSN

Според неа, модерната трговија денес не може да се замисли без бар код, односно без идентификација на производите. Таква универзална препознатливост е неопходна за да се биде дел од светската дистрибутивна мрежа.

Alibaba&GDSN

Електронската продажбата, додаде Милутиновиќ, дополнително ја наметнува потребата од примена на GS1 стандардот.

Милер подвлече дека последниве 10 – 20 години потрошувачите јасно кажуваат дека сакаат да знаат кој производ од каде потекнува, дали трудот за неговата продукција е реално платен. Затоа и текстилната индустрија се фокусира на ефикасноста меѓу брендот и малопродажбата. Како да се влезе во трагот на производите што се продаваат, рече, е еден од најголемите предизвици денес.

Анализите на GS1 Македонија покажуваат дека многу мал број од домашните текстилни фирми го имаат воведно овој стандард. Во однос на GS1 предничат прехранбената и индустријата за широка потрошувачка.

Стопанската комора уште еднаш укажа на потребата од напуштање на лон -производството во секторот текстил и преминување кон изработка на финални продукти. - Се уште најголем проблем е лон-производството на кое отпаѓа 90 – 93 отсто од извозот на македонскиот текстил. Овој модел треба постепена да се напушта, истакна Билјана Пеева Ѓуриќ директор во Комората.

Во првите осум месеци од годинава текстилната индустрија реализирала 400 милиони долари извоз или 12,7 отсто од вкупниот на ниво на државата.

Материјали од семинарот

Корисни линкови