еИнфo
No4 - Јули 2013


Превземи PDF 

Содржина

Улогата на GS1 во уникатната идентификација на медицинските помагала

 

Новости за имплементација на GS1 стандардите од страна на регулаторните тела во здравствениот сектор низ светот во здравствениот сектор во Европа и САД


Европа 

Азија 

Австралија и Нов Зеланд

Северна и Јужна Америка

Африка

 

 

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

 

       Ова е второ специјално издание на нашиот електронски весник посветено на примената на GS1 стандардите во здравствениот сектор. Моментумот на напредната фаза на трансформацијата на здравствениот систем во Република Македонија и актуелноста на темата ја детерминираа и содржината на ова специјално издание. Во минатиот број опфативме примери на активностите на регулаторните тела во Европа и САД, а во овој број Ви презентираме дел од многубројните примери на регулаторните тела и на директните учесници во здравствениот сектор и нивните активности и бенефити од имплементацијата на GS1 стандардите во нивното работење, од разни континенти.

    Здравствените системи низ целиот свет се соочуваат со предизвиците кои влијаат врз целокупниот дистрибутивен синџир - од производители до продавачи, дистрибутери, групи на организации и здравствени провајдери. Сите имаат две главни цели: зголемување на ефикасноста во дистрибутивниот синџир со намалување на рапидно растечките трошоци и грижа за безбедност на пациентот.

     GS1 системот на стандарди нуди глобална, хармонизирана и интегрирана рамка за менаџирање на информациите во дистрибутивниот синџир и поедноставно усогласување со регулаторните барања и предизвиците на денешниот комплексен здравствен систем.

     За Република Македонија е од особен значај што бенефетитите кои ги нуди GS1 системот се апсолвирани од страна на регулаторните тела во Здравството и дадена е поддршка на негова имплементација од страна на г-динот Никола Тодоров, министер на Министерството за здравство. Заедно со Бирото за лекови, Фондот за здравство интензивно се работи на зголемено користење на GS1 стандардите во здравствениот информатички систем. Со овој револуционерен исчекор ќе се овозможи ефикасно и ефективно исполнување на различните локални и глобални барања со цел да се осигура интероперабилноста и компатибилноста во рамките на организацијата, помеѓу организациите и меѓу државите, а воедно да се елиминира влез на нерегистрирани лекови и медицински помагала.

      Се надеваме дека за целната група од Здравствениот сектор понудените текстови ќе бидат многу полезни, а за останатите наши членки можност да се информираат за мултисекторската примена на GS1 стандардите и бенефитите кои се постигнуваат за сите учесници.