еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

 

 

Почитувани читатели на е-ИНФО на GS1 Македонија

 

Слаѓана Милутиновиќ, дипл. ек.

извршен директор

 

   

    Ова ноемвриско издание е трето по ред во кое во континуитет ја обработуваме темата за GS1 DataBar-от, кој во светот предизвикува револуција на наплатните места, бидејќи овозможува следливост на производите до самото наплатно место (каса). Во септемврискиот број Ви презентиравме основни информации и технички карактеристики на GS1 DataBar-от, бар кодот од новата генерација на бар кодови. Во октомврискиот број Ви понудивме интересни написи со многу примери за употребата на овој бар код и неговите бенефити, како и за Пилот проекти кои се водат во различни земји во светот.

     GS1 Македонија држи чекор со сите најнови случувања во апликацијата на GS1 стандардите и со своите активности помага на македонските компании да ја зголемат својата конкурентност, профитабилност и го прилагодат своето деловно работење кон се пооштрите критериуми и регулативи на европскиот и светскиот пазар. Затоа го започнавме Пилот проектот „Со GS1 DataBar-от обезбедена следливост до само наплатно место”, кој го презентираме во ова издание и целосно го посветуваме на учесниците во него.

    Целта на овој Пилот проект е да низ практични примери презентираме пред македонските стопански субјекти и регулатoрните тела, дека GS1 DataBar-от е одлична алатка за спроведување на следливоста на производите низ дистрибутивниот синџир до сама каса и нивно брзо и ефикасно повлекување во случај на констатиран недостаток. Со тоа се обезбедува зголемена безбедност на храната, почитување на законските регулативи, а со цел заштита на потрошувачите и нивна поголема доверба во брендовите од прехранбената индустрија и надлежните институции во земјава.

     Во мое лично име и во име на целиот тим на GS1 Македонија изразувам голема благодарност на сите учесници во Пилот проектот за нивниот ангажман и довербата во GS1 стандардите. Се надевам дека нивните позитивни искуства ќе бидат поттик до останатите членки да го следат нивниот пример.

     За таа цел Ве покануваме на свечената промоција на Пилот проектот на 11.12.2013 (среда), во 11 часот, која ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија, каде ќе имате можност да присуствувате на започнување на една нова ера во означувањето на македон-ските производи и се уверите во бене-фитите од примената на GS1 системот на стандарди.