еИнфo
No14 - Август 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Посети

Конференции


Услуги

GS1 Верификација

Во светот секој ден се скенираат преку 6 милијарди бар кодови. Над 1 милион компании низ светот ги користат GS1 стандардите во нивното спроведување на бизнис и задоволување на корисничките очекувања. Ова значи дека доколку бар кодовите не можат да бидат соодветно декодирани, тоа ќе ја чини компанијата време и пари. Денес, точно генерираните GS1 бар кодови се највиталниот дел од дистрибутивниот синџир, бидејќи со нивно скенирање се пренесуваат брзи и точни информации.

За крајниот корисник правилно изработениот бар код е дополнителна потврда дека производите кои ги купуваат, а се означени со GS1 бар кодови и ги почитуваат GS1 стандардите се правилно означени и безбедни за користење. Правилното означување со GS1 стандарди е единствениот начин да се подобри читливоста, точноста, ефикасноста, видливоста и следливоста во дистрибутивниот синџир.

Со верификацијата на бар кодовите се потврдува дали Вашиот GS1 бар код е коректно креиран и испечатен, со цел секој скенер да може да го прочита веднаш при првичното скенирање. Некои трговци на мало, големите оператори во секторите за хардверски производи, како и супермаркетите ќе ги прифатат само производите од добавувачите кои имаат aдекватни и квалитетни бар кодови на производи, верификувани од GS1.

На сите акредитирани членки, GS1 Македонија од 2013 година им нуди нова услуга - верификација на своите GS1 бар кодови

Што е верификација на бар кодови?

Примарната функција на бар кодот е пренос на податоци од местото од каде што потекнува производот до местото каде што се користат податоците. Бар кодот е витална врска во комуникацискиот синџир во било која софтверска апликација. Ако бар кодот не е правилно изгенериран, тој не пренесува податоци и тогаш една од алките на синџирот се раскинува.

Бар кодот, кој што не може да се скенира може да предизвика повеќе проблеми кај трговските партнери, отколку производот воопшто да не е баркодиран. Верификацијата на бар кодовите е корисна алатка, како надополнување на процедурите за контрола на квалитетот, со кои се потврдува дека бар кодовите ќе бидат скенирани коректно низ дистрибутивниот синџир.

Со верификацијата се потврдува дали бар кодот ја исполнува својата функција, преку извршување на две главни задачи:

  • Овозможување квантитативно да се измерат карактеристиките на бар кодот и да се добие повратна информација за можните грешки
  • Предвидување на перформансите на бар код симболот при скенирањето

Верификацијата е задолжителна за сите нивоа на пакувања, вклучувајќи ги трговските единици, картоните, единиците за испорака, палетите, бидејќи сите овие трговски единици можат да се бележат со GS1 бар кодови.

Верификацијата ќе го одреди нивото на почитување на GS1 спецификациите од страна на бар кодот. На крај се добива извештај со детали за резултатите кои се добиле при тестирањето. Извештајот ги нагласува сите потенцијални проблеми и недостатоци во генерирањето на бар кодот.

Контрола на квалитет

Ако бар кодот не може да се скенира, се зголемува бројот на грешки во податоците и временските доцнења во дистрибутивниот синџир. Верификацијата е значајна алатка за контрола на квалитетот, која обезбедува бар кодовите да бидат брзо и точно скенирани во било која точка од дистрибутивниот синџир.

Верификацијата ќе потврди дали бар кодот е во согласност со GS1 и ISO стандардите. Се добива извештај со резултатите од верификацискиот тест, идентификувајќи ги сите несогласувања - потенцијални грешки во генерираниот бар кодот

Бeнефити од верификацијата

Најголемите бенефити од употребата на верификацијата како постапка за оценување на квалитетот на бар код симболот се довербата и сигурноста кои се стекнуваат кога имаме потврда дека бар кодот во синџирот на набавка ќе се однесува онака како што се очекува од него, и тоа во сите стадиуми на движењето на производот низ дистрибутивниот синџир (од производствен погон или фарма па се до касата во супермаркетот), а тоа ќе резултира со „безгрижни” односи меѓу трговците и потрошувачите:

  • Се намалува ризикот од појава на ситуација во која што треба да се печатат нови бар кодови и/или сосема нова амбалажа со што непотребно се создаваат дополнителни трошоци како резултат на потрошената суровина за пакување и производство на продуктот,
  • Се стекнува доверба во печатениот бар код , истиот ќе биде прочитан од прв пат, секој пат
  • Се зголемува стапката на успешно читање на бар код симболите низ синџирот на снабдување и
  • Се постигнува побрзо и поефикасно движење на производите низ целиот синџир на снабдување.

Голем број големи добавувачи како и државни агенции ширум светот, бараат приложување на документација за верификација со цел да бидат сигурни дека податоците кои ги внесуваат се точни и прецизни. Доколку Вие ги исполнувате овие стандарди, тогаш бар код верификацијата е неопходна со цел да се потврдат овие стандарди и да се искористи како дополнителна потврда на вашиот бонитет, на професионалноста на вашата компанија.

Дополнителни бенефити може да има и производителот на бар кодовите, кој што може да ги искористи добиени информациите од тестирањето на бар кодовите што ги произведува и врз основ на нив да ја прилагоди опремата и процедурите за да се избегнат сите девијации од оптималниот квалитет. Воедно, добива потврда дека производите кои се бар кодирани, ќе бидат прифатени од страна на клиентите.

Дизајнерите на пакување може да ги користат повратните информации од верификацијата за да се осигурат дека големината, позицијата и бојата на симболот нема да го отежнуваат неговото скенирање на местото на продажба.

Примачот на бар кодираните производи, исто така има бенефити од верификацијата на бар кодовите, за да се процени веројатноста за проблеми при скенирањето во системите за контрола на инвентар и местото на продажба.

Што е верификатор? Како се разликува од скенерот?

Верификатор на произвдоствена линија

Верификаторот може да се смета за "многу паметен" скенер. Тој е инструмент дизајниран да обезбеди конзистентно, прецизно и повторливо мерење на бар код симболите и анализа на овие мерења врз основа на очекуваните перформанси при скенирање на бар кодот во тие услови. На тој начин, се овозможува не само скенирање на бар кодот, туку и анализа на сите аспекти на димензиите и нивните рефлектирачки својства, како и оценка на овие својства врз основа на ISO/IEC 15416 стандардот за линеарните кодови и ISO/IEC 15415 стандардот за дводимензионалните кодови.

Бар код скенерот едноставно го декодира бар код симболот (шаблонот од прегради и празни простори) во соодветните податоци кои биле кодирани во него. Тој не ги мери параметрите кои влијаат на декодирањето на бар кодот.

Зошто да не се користи скенер за да се провери читливоста?

Верификатор на GS1 Македонија за верификација на 2D кодови

Обичните скенери не се сите исти. Оптичките параметри на скенерите се разликуваат значително, во зависност од тоа дали се работи за светлосно пенкало или стапче за CCD скенерите или се работи за рачни ласерски скенери.

Со цел да се максимизираат нивните перформанси, производителите на бар код читачи вклучуваат секаков вид на паметни карактеристики во нивниот алгоритам за декодирање за да се овозможи опремата да ги декодира бар кодовите со лош квалитет со поголема точност и побрзо. Сепак, не сите читачи работат на ист начин и тие можат да имаат различен успех за декодирање на ист бар код. Тестирајќи го бар кодот, на пример со светлосно пенкало нема да даде индикации дали ќе може да биде прочитан од ласерски скенер, или дали ќе може да биде прочитан од друг скенер со светлосно пенкало. Воедно не помага во одредување дали читањето на симболот отстапува од перфектните перформанси, или која е настаната грешка. Во најдобар случај може да се користи како тест “успех/неуспех” дали симболот може да биде прочитан само од тој скенер и да се провери содржината на податоците; меѓутоа не би можеле да се донесат поопсежни заклучоци.

Рачен скенер на бар кодови

Верификаторот ја базира проценката врз основа на користењето на стандарден референтен алгоритам за декодирање, кој што се базира на спецификацијата на симбологијата, како и врз основа на калибрацијата од оптичкиот одговор. Двете карактеристики обезбедуваат конзистентна и објективна проценка на квалитетот, без разлика на скенерот кој што се користи.

Процедура за верификација на бар кодовите

Испраќање на примероците

Процедурата за верификација на бар код симболите започнува со испраќање на Барање за верификација на бар кодови до GS1 Македонија, пропратно со бар-кодовите што треба да се верификуваат.

Анализата и верификацијата можат да бидат изведени само врз реални примероци, кои можат да се достават по пошта или лично во просториите на GS1 Македонија (исклучок може да се направи само во случај кога треба да се провери синтаксата на впишаните информации во бар-код симболот, а не неговата читливост и во овој случај бар-код симболот може да се испрати и по електронска пошта како PDF документ). Примероците на бар-кодираните производи треба да бидат во финална форма, за да може тестирањето да се направи во однос на бојата, контрастот, локацијата на бар кодот. Добиените резултати од тестови направени на лабели или производи, кои не се во финална форма нема да бидат точни. Без обѕир на начинот на достава БАРАЊЕТО ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА мора да биде доставено со примероците за верификација, во него се содржат информации за нарачателот, компанијата, контакт информации, итноста на верификацијата, бројот на бар-код симболи за верификација итн.

Информација за цента на чинење може да добиете во делот ценовник.

Прием на примероците

По приемот на примероците истите се заведуваат во книгата за верификација, се прави копија на добиената документација, се доделува архивски број, се изготвува фактура и примероците се подготвуваат за верификација.

Процедурата на верификација врз примероците

По приемот на примероците и нивната подготовка за верификација врз основ на нивната структура дали се еднодимензионални или дводимензионални се преминува на верификација по ISO/IEC 15416 за еднодимензионалните и ISO/IEC 15415 за дводимензионалните бар код симболи.

Верификацијата се изведува во два визуелна физичка проверка на симболот и електронска проверка со помош на верификатор. GS1 Македонија располага со најновата серија на AXICON верификатори за 1D и 2D симболи кои ги поддржуваат во целост ISO и GS1 стандардите.

Анализа на резултати

По извршената процедура за верификација врз база на добиените резултати за секој испратен примерок се изработува соодветна унифицирана документација за верификација на англиски и македонски јазик. Во склоп на документацијата доколку има забелешки се даваат и препораки како истите да се коригираат. Подигнувањето на документацијата е лично од просториите на GS1 Македонија или по пошта каде дополнително се наплаќаат трошоците за поштарина.