еИнфo
No24 - јуни 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Саудиското регулаторно тело за Храна и Лекови (SFDA) и GS1 Саудиска Арабија потпишаа Меморандум за Разбирање

Модернизација на Синџирот на Снабдување со фармацевтски прoизводи во јавните болници во Хонг Конг

EPC/RFID го револуционизира здравството со користење на паметни хируршки елементи

Саудиското регулаторно тело за Храна и Лекови (SFDA) и GS1 Саудиска Арабија потпишаа Меморандум за Разбирање со цел спречување на ширењето на фалсификувани производи

    Меморандумот за Разбирање е потпишан од високи претставници на Саудиското регулаторно тело за Храна и Лекови (SFDA) и GS1 Саудиска Арабија, претставена од Советот на Саудиските Комори, со цел да се регулира трговијата со фармацевтски производи, набавката на медицински материјали, прехрамбени производи и пестициди во Кралството Саудииска Арабија.

GS1 Каталог

    Меморандумот на Разбирање е потпишан од страна на Извршниот Потпретседател на SFDA Д-р Ибрахим Ал Јуфали и Генералниот Секртар на Советот на Саудиските Комори Инг. Калид Ал Отаиби. Со Меморандумот на Разбирање, двете страни се обврзуваат на соработка на имплементација на глобалните стандарди и договорија критериуми со кои се регулира трговијата со фармацевстски производи, без оглед на нивното потекло, односно земјата на производство. Тоа значи имплементација на Глобалните GS1 Стандарди за Баркодирање преку 2-димензионални баркодови (GS1 Data Matrix), серијализација на лековите и линеарни бар кодови за фармацефтски производи, медицински помагала, храна и пестициди.

    Имплементацијата на GS1 Стандардите ќе обезбеди повисок степен на ефикасност на процесите во наведените сектори, ефикасност при откривање на фалсификувани производи, целосна следливост на производите во секоја точка на синџирот на снабдување, рано откривање и повлекување на небезбедни производи и производи со истечен рок на траење, со еден збор целосна безбедност за потрошувачите или пациентите чиј живот зависи од исправноста на производите кои се употребуваат во процесот на нивното лекување.

    Меморандумот за разбирање дополнително вклучува и меѓусебна соработка и размена на информации во врска со прашањата од заеднички интерес за двете страни , како и обезбедување информации во врска со GS1 глобалните стандарди во здравствениот сектор.