еИнфo
No13 - Јули 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Јубилеи

Соработка


Услуги

НОВА УСЛУГА ЗА ЧЛЕНКИТЕ НА GS1 МАКЕДОНИЈА - GS1 КАТАЛОГ НА ПРОИЗВОДИ

Со огромно задоволство Ве информираме за новата услуга која им ја овозможуваме на нашите членки. Имено, GS1 Македонија изработи свој сопствен GS1 Каталог за производи кои се баркодирани со бар код чии префикс е 531 (интернационален GS1 префикс за Македонија). Со овој GS1 Каталог Ви нудиме алатка со која што Вашата компанија ќе биде во можност да ги реализира одредбите на Европската директива EU 1169/2011, која стапува на сила од 13.12.2014 година.

Овој каталог во наредниот период GS1 Македонија во соработка со своите членки (производители, дистрибутери, маркети итн.) ќе го пополнува.

Пристапот до каталогот е можен преку www.gs1katalog.mk и www.katalog.com.mk .

#Каталог

Секоја членка на GS1 Македонија ќе добие свое корисничко име, своја корисничка лозинка за пристап до овој каталог и упатство за пополнување. Сите заинтересирани кои сакат побрзо да бидат вклучени во овој проект може слободно да не контактираат.

Бенефити ќе имаат сите наши членки кои ќе учествуваат активно во полнењето на овој каталог:

  • Компаниите без разлика на својата големина (мали и големи) ќе може да ги популаризираат своите производи;
  • Да ја зголемат видливоста на своите производи;
  • Извозните компании (особено компаниите кои извезуваат во земјите од Европската унија) ќе може да го користат каталогот како начин за исполнување на EU 1169/2011 регулативата, која ќе биде задолжителна од 2015 година;
  • Малите компании без информациони системи, ќе може да го користат електронскиот каталог за менаџирање на податоците за своите производи;
  • Дистрибутивните куќи и маркетите ќе можат да ги добиваат податоците за сите нови производи во структуриран начин и истите да ги користат автоматски во нивниот систем.