еИнфo
No13 - Јули 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Јубилеи

Соработка


Услуги

Остварена регионална соработка меѓу GS1 организациите

На 24-25 април 2014 година, во организација на GS1 Србија, како домаќин, во Белград, во Хотел ПАЛАС, се одржа регионален состанок на сите вработени од GS1 организациите од Македонија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

sometext

Претставници од GS1 организациите од регионот (Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Хрватска и Словенија)

Целта на состанокот беше презентирање на проектите, координирани од GS1 организациите во секоја од државите, како и стекнување на основи за понатамошна соработка и започнување на заеднички регионални проекти. Големи се бенефитите на ваквите состаноци (кои ќе продолжат и во иднина), бидејќи компаниите од секоја од државите најголем дел од своите производи ги извезуваат во останатите балкански држави, па е неопходно усогласување на GS1 организациите при имплементацијата на GS1 стандардите.

Секоја од организациите имаше своја презентација во која ги образложи нивните поранешни и идни проекти, предизвиците со кои се соочиле и начините на кои ваквите предизвици биле надминати, како и идеите, причините и принципите на кои се базираат проектите.

sometext

Г-дин Мирослав Илиќ, директор на GS1Србија, домаќин на настанот ги поздрави присутните

sometext

Учесници на регионалниот собир

sometext

Учесници на регионалниот собир

Секоја од организациите имаше своја презентација во која ги образложи нивните поранешни и идни проекти, предизвиците со кои се соочиле и начините на кои ваквите предизвици биле надминати, како и идеите, причините и принципите на кои се базираат проектите.

GS1 Македонија презентираше три свои проекти:

  • Проектот Акредитација
  • Пилот проектот “Со GS1 DataBar-от - обезбедена следливост на производите до самото наплатно место”
  • Софтверот за генерирање на GS1-128 и логистичка етикета
sometext

Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор презентира Проект за GS1 DataBar и Систем на Македонска Сертифицирана Акредитација

sometext

Кирил Коровешовски презентира софрвер за изработка на GS1логистичка етикета

На крајот од дводневниот состанок, во просториите на GS1 Србија се одржа округла маса со работен наслов “Примена на GS1 стандардите во регионот” на која беа донесени заклучоци за начинот на кој што ќе се развива натамошната соработка меѓу GS1 организациите:

  • Потенцирање за регионална соработка со посебен акцент на компаниите и олеснување на нивната трговска размена со земјите во регионот преку спроведување на взаемна контрола на користените бар кодови од компаниите од овие региони во синџирите маркети.
  • Отпочнување на заеднички регионални проекти со претставници од секоја GS1 организација за униформен начин на имплементирање на GS1 стандардите во сите држави (веб апликација за интерна и екстерна следливост, инсистирање на единствено означување на GS1 логистичките единици, интензивирање на соработката во полето на единствено GS1 означување во здравствениот сектор).
  • Подготвеност за споделување на материјали и помош во проектите од присутните GS1 организации преку формирање на регионален GLN електронски каталог, преку кој ќе се овозможи зголемена видливост на компаниите од регионот.
  • Одржување на вакви регионални состаноци секоја година во различни држави
sometext
sometext

   


GS1

GS1 се приклучи на World Wide Web конзорциумот со цел да се унапреди идентификацијата на продуктите и нивната видливост во веб просторот

WWW

GS1, е непрофитна и глобална организација која што го развива и се грижи за светски најраспространетиот стандард во синџирот на трговија. Оваа организација е светски лидер во олеснувањето на бизнисот на национални и интернационално ниво. Од 24 Март 2014 GS1 е член на The World Wide Web Consortium (W3C). GS1 ќе работи заедно W3C заедницата во развој на стандарди кои ќе ја обликуваат иднината на идентификацијата и описот на продукти и „нешта“ во веб просторот.

Партнерството доаѓа во исклучително значаен момент и за двете организации, овој месец World Wide Web слави 25 години од формирањето, GS1 слави 40 години од своето формирање. Приклучувањето кон W3C ќе донесе палета на бенефити за GS1 вклучувајќи и блиска инволвираност во работата на развојот на стандардите кои се столб на денешниот веб како и можност за директно вметнување на веќе докажаните GS1 стандарди преку нивно прилагодување и интегрирање во моменталните веб стандарди каде што тоа е изводливо.

#Steve Bratt

Steve Bratt, GS1’s CTO и поранешен CEO на W3C, рече, “Верувам дека нашите организации можат да работат заедно во наредните години со цел да се поврзат две важни заедници. Оваа соработка ќе има големо влијание врз двете организации GS1 и W3C во царството на создавање и имплементација на стандардите со цел овозможување на глобална комерција и логистика од што најголема придобивка ќе има индустријата и потрошувачите

Ова партнерство доаѓа во време каде информациите за квалитетот на продуктот е клучен приоритет како за индустријата така и за потрошувачите. Новите GS1 стандарди се фокусирани кон овозможување на зголемена видливост на информациите за продуктот во пребарувачите провајдери и на веб страните.

Miguel Lopera, претседател и CEO на GS1 додаде, “Имајќи го во предвид рапидното зголемување на електронската трговија, правилното идентификување на производите и точноста на информациите за истите е од витално значење за зголемување на довербата на потрошувачите и на репутацијата на брендот на производот. GS1 обезбедува алатка која што индустријата може да ја искористи за подобро делење на информации во дигиталниот свет и на крај за подобро поврзување со потрошувачите.”

#Miguel Lopera

За повеќе информации посетете го http://www.gs1.org/digital.