Нашите први 20 години
Јуни 2014


Превземи PDF 

Содржина

Вовед


Области на делување


Промотивни, едукативни и публицистички активности на GS1 Македонија

Области на делување

Како дел од нашата мисија да им овозможиме на корисниците на GS1 системот видливост во нивните дистрибутивни синџири и да одговориме на нивните бизнис барања, ние сме во постојана соработка со македонските компании од различни индустриски и неиндустриски сектори.

 

Трговија на мало

Зајакнување на врските меѓу трговците и крајниот потрошувач

Во секторот Трговија на мало, се забележуваат континуирани промени. Линијата помеѓу електронското и “реалното” купување продолжува да исчезнува, а денешните потрошувачи купуваат во продавници, преку компјутери, паметени телефони и таблети. Луѓето бараат продукти, ги споредуваат цените и плаќаат за нив било кога, било каде и на било кој начин сакаат.

За GS1, овие континуирани промени се предизвик и можност да се помогне на овој сектор да ги изврши потребните трансформации и да постигне вистинска видливост во дистрибутивниот синџир.

Зголемената видливост е критична бизнис стратегија, бидејќи ги намалува трошоците и ги подобрува оперативните перформанси.

Потрошувачите бараат постојан пристап до точни податоци за производот, без разлика дали го купуваат во продавница или електронски. Производителите се обидуваат да им ги понудат тие податоци без да го нарушат дистрибутивниот синџир. GS1 стандардите можат да ја постигнат таа цел. Повеќе од 70% од компаниите сметаат дека мора да постои поширока адаптација на стандардите низ дистрибутивниот синџир, а 50% од нив сметаат дека GS1 треба да ја преземе водечката улога во поддршката за имплементација и прифаќање на стандардите на глобално ниво.

Успешното задоволување на овие предизвици не е лесно. Но, ние во GS1 сме убедени дека организациите ќе успеат да ги задоволат барањата на пазарот, кои постојано се менуваат.

 

Проект „Акредитација”

Системот на сертифицирана акредитација воспоставен во 2007 година е во светски рамки уникатна, оригинална, сопствена креација на GS1 Македонија и претставува нов модел за утврдување и промоција на успешните фирми заслужни за развојот и имплементацијата на GS1 системот во Република Македонија.
Преку системот на сертифицирана акредитација меѓу другото се овозможува и:

 
  • Легално и во согласност со важечките меѓународни стандарди униформно и еднозначно баркодирање на производите и услугите во Република Македонија
  • Воспоставување на поефикасна правна рамка за заштита против фалсификување
  • Намалување на “сивата” економија
  • Јакнење на информираноста на стопанските субјекти
  • Заштита на брендот и интелектуалната сопственост
  • Намалување на ризиците при бизнисот
  • Зголемена национална и меѓународна конкурентност на компаниите – членки
  • Повисоко ниво на безбедност во дистрибутивниот синџир
  • Формирање на GTIN и GLN регистар во Македонија

 

Проект „Меморандум за соработка”

GS1 Македонија во 2012 година го финализира проектот кој има за цел низ едукативни семинари, работилници како и директно остварени посети на членките да им ги предочи бенефитите од користење на GS1 системот, со цел зголемување на конкурентноста и профитабилноста во нивното работење. Завршувањето на проектот “Имплементирање на GS1 стандардите во големите маркети во Република Македонија” GS1 Македонија го промовираше на свеченоста “GS1 Македонија и пријателите” на 25 јуни 2012 година. Потпишаниот Меморандум за соработка од страна на главните менаџери од 29 големи маркети и дистрибутивни компании, јасно покажа дека се зголемил степенот на заинтересираноста и степенот на користењето на GS1 системот во деловното работење. Тоа беше и потврда дека со едукацијата, која ја спроведува GS1 Македонија (семинари, работилници, презентации, филмски проекции, преведени на македонски стручни брошури, редовни контакти со членките), фирмите ја согледуваат користа од имплементација на GS1 системот во своето работење. Претседателот на GS1 Македонија, г-дин Симон Наумоски на сите компании-потписници на Меморандумот за соработка, како и на лојални, долгогодишни членки, свечено им врачи Благодарници за поддршката и придонесот на развојот на GS1 Македонија и имплементацијата на GS1 стандардите во Република Македонија.

 

Електронска размена на податоците (EDI)

Бенефити за сите учесници во електронската размена на бизнис податоците

Пред интернетот да ја доживее денешната популарност, податоците, деталите и информациите потребни за успешно завршување на процесот нарачка-до-наплата биле испечатени на хартија и испраќани низ дистрибутивниот синџир преку факс или пошта. Ваквиот начин на работа бил неефикасен, склон кон грешки и одземал премногу време, како и место за складирање на архивираните формулари и документи.

GS1 нуди докажан начин потполно да се елиминира потребата од хартиени документи во процесот нарачка-до-наплата. GS1 eCom решенијата за електронска размена на податоците (EDI) ги заменуваат хартиените формулари за нарачка, испратници, фактури и други документи со електронски бизнис пораки развиени по GS1 стандарди.

Со овие EDI пораки компаниите обезбедуваат поголема точност во дистрибутивниот синџир и намалени трошоци. Несогласувањата се намалени, плаќањето е побрзо, а целокупната видливост е значително зголемена.

Во процесот нарачка-до-наплата може да се користат GS1 XML пораки или GS1 EANCOM пораки, развиени по GS1 стандарди.

Со проценетите заштеди од £650 милијарди за трговците на мало, 700 тони помалку потрошена хартија и €14 до €18 помали трошоци по трансакција, јасно е дека овој начин на размена на податоците е иднината.

Со користењето на EDI им се овозможува на компаниите да имаат податоци во реално време за текот на производите и трансакциите во дистрибутивниот синџир и да ги искористат истите за да направат најдобри бизнис одлуки.

 

Пилот проект

„EDI – унапредување на деловните процеси по GS1 стандарди”

Воочувајќи ја се поголемата присутност на феноменот “електронско” или само “е”-работење во сите сфери од нашето живеење, GS1 Македонија презеде низа активности за да го доближи овој модерен тренд до своите членки.

Почнувајќи од 2011 година, па се до денес беа оддржани 3 семинари и 10 работилници со фирмите - членки од различни сектори во различни градови низ Македонија. Низ едукација, GS1 Македонија пред повеќе од 400 учесници, ги презентираше основите на EDI по GS1 стандарди, со посебен акцент на бенефитите од неговата употреба. За поголема достапност и видливост на EDI до корисниците, GS1 Македонија изготви микро-сајт посветен на оваа област.

Како резултат на претходните активности и со оглед на тоа дека EDI како технологија е ефикасна бизнис алатка за автоматски, директен пренос на деловни пораки меѓу партнерите со голема брзина и точност, со намалени трошоци за обработка на податоци, беше спроведен прв Пилот проект посветен на EDI.

Неговото успешно завршување беше промовирано на Форумот за EDI, оддржан на 23.11.2012. Голема поддршка на развојот на EDI по GS1 стандарди во Републикава дадоа Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија и Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и јавна администрација.

Во Пилот проектот беа вклучени 3 компании членки на GS1 Македонија - Тинекс, Пекабеско и Виталиа, 2 партнери – софтверски куќи Инфо Биро и Пантеон Словенија, како и синџирот маркети Слигро.

Пилот проектот се одвиваше на ниво на електронска размена на две електронски пораки ORDERS и ORDRSP (нарачка и одговор на нарачка).

 

Здравство

GS1 глобалните стандарди од ден на ден завземаат се позначајно место во сите области од здравствениот сектор, како на глобално ниво, така и во Република Македонија.

Над 50 водечки компании од здравствениот и фармацевтскиот сектор во Републиката ги препознаа GS1 стандардите како алатка за подобрување на процесите во сопственото работење, а со крајна цел зголемена безбедност на пациентите и намалување на трошоците.

За да се обезбеди сигурноста и интегритетот на здравствениот дистрибутивен синџир, очигледно е дека националните решенија не се ни доволни, ни ефикасни. Поради тоа, значаен чекор во здравствениот сектор е прифаќањето на единствен глобален стандард.

Владините тела во голем број земји, вклучувајќи ја и нашата, развиваат регулативи за следливост на лековите, а во тек се и бројни пилот проекти, истражувања за подготвеноста и подготовка на планови за прифаќање на GS1 стандардите.

Идентификувањето на производите во здравствениот дистрибутивен синџир е значаен дел од следливоста. Со неговата мала димензија и висок капацитет на содржани податоци, GS1 DataMatrix бар кодот е особено наменет за Здравството.

Според извештајот на McKinsey & Company од 2012 година, со прифаќањето на глобалните стандарди низ целокупниот дистрибутивен синџир може да се спасат од 22.000 до 43.000 животи и да се избегнат од 0.7 до 1.4 милиони медицински грешки кај пациентите. GS1 системот на стандарди на глобално ниво може да спречи фалсификат лекови со вредност од десетици милијарди долари да влезеат во легитимниот дистрибутивен синџир и да ги намали целокупните трошоци од 40 милијарди долари.

Во рамките на GS1 глобалната организација во 2005 год. во координација со светските фармацевтски куќи формирана е работна група за развој на системот во здравството HUG (Healthcare User Group) која работи на изнаоѓање на нови решенија и забрзување на примената на GS1 стандардите на глобално ниво.

Во HUG активно учествуваат 33 национални организации, вклучувајќи ја и GS1 Македонија. Во 2012 година GS1 Македонија формираше национална работна група за здравство, која ја има мисијата да ги развива GS1 стандардите во нашето здравство.

 

Примена на GS1 стандардите во македонското здравство

GS1 Македонија има поддршка од над 50 водечки компании од секторот Здравство и фармација во Република Македонија

Примената на GS1 стандардите, односно означувањето на фармацевтските производи со EAN-13 и EAN-8 симболите има долгогодишна традиција на нашите простори. Во 2007 година благодарение на заедничкиот ангажман со директорот на Бирото за лекови, Прим. м-р Илчо Захариев баркодирањето е внесено како законска обврска во Законот за лековите и медицинските помагала (Сл. Весник на РМ бр. 106/2007). Продуктивната соработка продолжи и со новата директорка на Бирото за лекови М-р. фарм. Катерина Алексоска, од која произлезе во 2013 година и задолжителната идентификација на медицинските помагала по GS1 симбологија во нашата земја.

GS1 Македонија од 2007 година започна со интензивни едукативни и промотивни активности за примена на GS1 стандардите во секторот Здравство. Одржани се 7 големи семинари на оваа тема со учество на домашни и странски експерти, како и со почесни предавачи – раководни лица, директори од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Бирото за лекови, пред повеќе од 1000 учесници. Темите на семинарите секогаш предизвикуваа голем интерес не само кај еминентните претставници од здравството и фармацијата, но и кај пошироката јавност и во јавните и печатените медиуми.

Најчести теми кои беа разгледувани се: обезбедување на следливост низ здравствениот дистрибутивен синџир во фармацевтската индустрија, придобивките од употребата на едни единствени глобални стандарди кај сите учесници во здравствениот систем и создавање услови за имплементација на единствен, интегриран информационен систем во целото македонско здравство.

GS1 во последните години активностите ги насочи кон популаризација на GS1 системот во болниците и кај регулаторните тела, со низа директни презентации, работилници и стручни материјали. Нашите напори наидоа на одличен прием и прифаќање од страна на Министерот за здравство Никола Тодоров.

Веќе во 2014 година три болници се во различна фаза на имплементација на GS1 стандардите во нивното целокупно работење. Бенефитите и придобивките од употребата на глобалните GS1 стандарди во болничко работење прв ги согледа Академик д-р Жан Митрев, директор на приватната специјална болница Филип Втори и започна со нивна имплементација. Неговиот пример го следеа и две болници од јавното здравство – Универзитетската клиника за детски болести, со директорката Доц. д-р сци Аспазија Софијанова и Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, со директорот спец. д-р Милан Ристески.

Со оглед дека најупотребуваната алатка за реализација на GS1 стандардите во здравството е GS1 DataMatrix, GS1 Македонија превзема низа активности за негова популаризација. Во склоп на тие активности го издвојуваме едукативниот семинар GS1 DataMatrix- иднина на баркодирањето во Здравството одржан на 21 март 2014 година. Темата предизвика голем интерес, а за тоа зборува и учество на преку 100 еминентни претставници од сите сектори на Здравствениот систем: од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за лекови, Клиники и болници, Лекарска комора, производни фирми и дистрибутери на фармацевтски производи и медицински помагала, како и ИТ куќи кои се застапени со софтверски и хардверски решенија за имплементацијата на стандардите во Здравството.

Почесен гостин и предавач беше М-р. фарм. Катерина Алексоска, а стручни презентации за оваа тема одржаа и Никола Димовски, директор на ИТ сектро во Алкалоид, Васил Карев, менаџер за деловни решенија во Логин Системи и Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија.

 

Пилот проект

Имплементација на GS1 стандардите во специјалната болницата Филип Втори - Скопје

Во Пилот проектот се користеше новата генерација на 2D бар кодови - GS1 DataMatrix за означување на: лековите, вработените, услугите, пациентите, основните средства и документите.

Зошто GS1 DataMatrix?

Можноста за грешка кај 2D кодовите е 10 до 20 пати помала отколку кај линеaрните кодови, Може да издржат повеќе превиткувања и оштетувања и сеуште да се читливи, 2D симболите се читливи од секој агол, Имаат мали димензии, но голем податочен капацитат, Можат да содржат 2335 алфанумерички карактери и 3116 бројки.

Бенефити

  • подобрена следливост,
  • обезбедување на 5-те права на пациентите,
  • усогласеност со бараните здравствени стандарди за меѓународна акредитација на болницата,
  • зголемена продуктивноста,
  • намалени административни трошоци,
  • оптимизација на залиха, контрола на потрошувачка,
  • намалуважње на време на работа,
  • намалување на грешки од човечки фактор во работење на болницата.

Прва Меѓународна конференција за здравство во Македонија

Под мотото Глобален лек за здравството на 12.12.2012 беше одржана Првата Меѓународна конференција за здравство.

Актуелноста на темата предизвика огромен интерес и присуство на преку 130 учесници на настанот. Меѓу учесниците беа еминентни претставници и раководни лица од целиот здравствен и ИТ сектор.

Конференцијата свечено ја отвори Прим. М-р Илчо Захариев, директор на Бирото на лекови при Министерството за здравство на Република Македонија. Тој во своето обраќање до аудиториумот ја истакна важноста на Законот за лекови и медицински помагала, донесен во 2007 година, врз кој е изготвен Правилник за начинот на означување на лековите, во кој е дефинирана имплементација на GS1 стандардите односно задолжително секој лек на кутијата мора да има бар код. Според него, GS1 како стандард нуди одлични можности за спроведување на комплетна следливост на лековите и елиминирање на фалисификатите.

Покрај светската промоција на извештајот McKinsey & Company од страна на директорката Слаѓана Милутиновиќ, гости презентери беа еминентни експерти за GS1 стандардите: од Франција Valerie Marchand, од Велика Британија Jenny Gough, од Србија Мирослав Илиќ, кои ги пренесоа искуствата од нивните земји, низ теоретски и практичен приказ на користењето на GS1 стандардите во нивните земји.

Почесен гостин и предавач беше Ulrike Kreysa, Vice-President Healthcare. На конференцијата за прв пат беше промовиран Пилот проектот, кој што GS1 Македонија го започна во специјалната болница “Филип Втори“ - Скопје, а софтверското решение го изготви Логин системи.

Учесниците на конференцијата се здобија со нови сознанија од светската пракса дека со имплементација на GS1 стандардите во процесот на следливост се овозможува ефикасна заштита од фалсификат лекови, трговски брендови, се обезбедува максимална заштита на пациентите, а производителите, дистрибуерите и болниците реализираат огромни заштеди.

 

Безбедност на производите и потрошувачите

Следливост, повлекување и спречување на фалсификат на производи со GS1 стандарди

Обезбедувањето на безбедноста на потро-шувачите е област од особен интерес за регулаторните тела, производителите и трговците. Секоја грешка во овој дистрибутивен синџир може да има сериозни здравствени, правни и финансиски последици. GS1 системот на стандарди денес е најшироко распространетиот систем кој што овозможува подобрување на безбедноста на производите и потрошувачите.

Свежата храна – месни и млечни производи, пекарски производи, риба, овошје и зеленчук – опфаќа повеќе од половина од целокупната про-дажба во супермаркетите. Сепак, тоа е и сектор со најголемо ниво на недостаток на залихи и истовремено уништување на производи. Според ООН, секоја година се фрлаат 1.3 милијарди тони храна, а над 75 милиони луѓе заболуваат како резултат на грешки во дистрибутивниот синџир.

Во бар кодот од новата генерација GS1 DataBar-от во рамките на информациите за производот може да се содржат и датумите за употреба или најдобро до, batch/lot бројот, тежината. Способноста да се процесираат овие дополнителни информации на местото на продажба го прави процесот на купување на производите побрз и поефикасен. Континуираните проблеми во секторот на свежа храна укажаа на потребата од поголема информираност за тоа што се купува и консумира.

GS1 организацијата во соработка со светските водечки прехранбени производители, син-џири маркети и трговски асоцијации развива стандардизиран пристап за подобрување на идентификацијата на производите и синхронизација на податоците за производите според потребите на потрошувачите.

 

Пилот проект

Со GS1 DataBar -от – обезбедена следливост на производите до самото наплатно место

GS1 Македонија за прв пат во октомври 2005 година ги запозна македонските компании од прехранбената индустрија со задолжителниот процес на следливост и заострените правила на ЕУ за безбедност на храна и им ги понуди решенијата на GS1 системот за реализација на ЕУ Законот за храна и Европската регулатива за следливост EC No 178/2002 . Во следните години се одржани 8 големи семинари на оваа тема со учество на еминентни домашни и странски експерти пред повеќе од 1000 учесници. Поддршка на едукацијата на македонскиот прехранбен сектор даде и директорот на АХВ, г-дин Дејан Рунтевски. Во ноември 2012 година GS1 Македонија спроведе интерактивни работилници со вработените во сите инспекциски служби на АХВ по градовите низ Републиката, а во февруари 2013 и со менаџментот на АХВ. Паралелно се спроведуваше и едукацијата за GS1 DataBar со 50 компании од месната и млечната индустрија и 10 големи синџири на маркети.

Како резултат на спроведените едукативни и промотивни активности, GS1 Македонија започна со Пилот проектот за GS1 DataBar-от во кој земаа учество наши членки: четири компании од млечната и месната индустрија: ИМП Солета ДООЕЛ - Скопје, Промес ДОО - Скопје, Млекара АД - Битола и Идеал Шипка ДООЕЛ - Битола, големиот синџир маркети Веропулос ДООЕЛ - Скопје, кој овозможи GS1 DataBar-от да биде прочитан на каса и софтверските компании Ултранет Ултра ДООЕЛ - Скопје и Сигма-СБ ДООЕЛ - Скопје.

Успешно завршениот пилот проект е промовиран на 11.12.2013 година и за прв пат во Република Македонија и во поширокиот регион се изврши практична демонстрација како може со примена на GS1 стандардите, без големи финансиски трошоци да се реши следливоста на производите во еден сегмент од дистрибутивниот синџир, со цел да се задоволат барањата за безбедност на храна дефинирани во EU Food Law и EC No 178/2002, и законите во Република Македонија: Закон за безбедност на храна за животни (Сл.весник 145/2010) и Закон за безбедност на храната (Сл.весник 157/2010).

Преку овој Пилот проект се овозможи следливост на производот до самото наплатно место, со што се постигна брзо и ефикасно отповикување или стопирање на продажбата на самата каса - заради изминат рок или лот на производот кој треба да биде повлечен од продажба.

Со употребата на GS1 DataBar на единиците производ се овозможија следните бенефити:

  • следливост на производите до каса
  • контрола и увид во залихите
  • контрола на кало
  • јакнење на брендот на сите учесници
  • зголемена заштита на потрошувачите
  • задоволување на законските одредби во РМ за обезбедување на следливост и безбедност на хранат

Нашиот успешен Проект привлече глобално внимание што резултираше со негова меѓународна промоција на GS1 Глобалниот форум во Брисел во февруари 2014 година и објава во GS1 in Touch - електронско издание на Меѓународната организација за исклучителни достигнувања на националните организации.

GEPIR

Доверлив и лесен пристап до информациите за компаниите

Потрошувачите најчесто имаат потреба да ги дознаат информациите за производителите на производите кои ги купиле. Дистрибутерите од друга страна сакаат да добијат контакт податоци за производителите за нарачување на нови производи. Развивачите на апликациите се соочени со проблемот да се идентификува сопственикот на даден бар код.

може да се користи за пребарување на основните контакт информации за повеќе од 1.3 милиони компании кои го користат GS1 системот на стандарди на глобално ниво.

Во ноември 2006 година GEPIR доби и светско признание и награда “BEST CASE AWARD” за успешно електронско поврзување и умрежување на фирмите со примена на нови технологии, дефиниран како “Проект за иднината”.

Проект GEPIR

GS1 Македонија од 1 ноември 2006 година активно се вклучи во реализацијата на Проектот GEPIR и им овозможи на своите членки:

  • светска промоција и препознатливост,
  • можност за деловно поврзување со над 1.300.0000 компании од светот, со едноставно пребарување на веб страницата на GS1 преку GTIN бројот на производот (бар кодот) и
  • можност да странските компании стапат во контакт со македонските компании за остварување на деловен контакт.

Во GS1 Македонија, процесот на креирање на потребната документација за регистрирање на информациите за новите членки е автоматизиран процес и се врши на секои три месеци.