еИнфo
No11 - Март 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Семинари

Презентации


Работилници


Форум


Едукација

Работилница: „Примена на GS1 стандарди во јавно здравство“

   Во просториите на GS1 Македонија на ден 06-03-2014 се одржа работилница со тема Имплементација на GS1 стандардите на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Универзитетска клиника за детски болести, Ултра, GS1 Македонија и Инфо код. Домаќин на средбата беше Извршниот директор на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ, по двајца претставници од Ултра и Инфо-код, претставник од Детска клиника и вработени од GS1 Македонија кои се вклучени во овие два проекти со наведените клиники.

   Работилницата беше отворена од Извршниот директор на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ. Билјана Рембоска, советник од GS1 Македонија, одржа презентација на искуствата стекнати од проектот за воведување на GS1 стандарди во ПЗУ Филип Втори – Скопје. Објаснети беа имплементациите на: Глобалниот идентификатор за основни средства, Глобалниот локациски број, Глобалниот број на услужни дејности и Глобалниот идентификатор на вид на документи. Во текот на презентацијата по сите точки паралелно се поставуваа прашања од учесниците и се дискутираше за истите.

   На оваа работилница од страна на Инфо-код беа презентирани решенија кои таа компанија ги нуди за здравствените установи, техничка опрема (печатачи и скенери на бар код симболи). Беа изработени два DataMatrix симболи, истите беа верификувани од страна на GS1 Македонија и скенирани со презентираните уреди.

    Целта на работилницата е постигната, присутните се запознаа со GS1 решенијата кои се нудат во здравствениот сектор, практично се запознаа со опремата за изработка и скенирање на бар код симболите, се запознаа со најчесто користените апликациски идентификатори и структурата на бар код симболот.