еИнфo
No11 - Март 2014


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Семинари

Презентации


Работилници


Форум


Едукација

Прославувајќи 40 години во заедничко обликување на нова иднина

Интернационално признание на активностите на GS1Македонија на GS1 Global Forum 2014, 17-21 февруари 2014, Брисел, Белгија

   Главното мото од насловот се провлекуваше низ целокупното работење на Форумот, како и во обраќањата и презентирањето на клучните иницијативи и стратегии на г-дин Miguel Lopera , GS1 President & CEO, и на г-дин Tim Smucker, GS1 Chairman of the Board & Vice-Chairman. На Форумот присуствуваа 650 учесници од целиот свет. Од Македонија претставници беа покрај Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор и Кирил Коровешоски, стручен соработник во GS1 Македонија и Љубомир Христов, директор на Ултра и Славчо Бујароски, директор на Сигма СБ, претставници на наши членки, софтверски куќи (Solution providers).

    Генерален заклучок е дека нашето учество ги исполни очекувањата и целите:
  • Запознавање со улогата и значајот на Глобалната организација и со нејзините стратегии за натамошен развој;
  • Запознавање со најновите иновации, иницијативи и решенија на GS1 системот на стандарди;
  • Запознавање со најдобрите практики во пооделни области;
  • Овозможување на директни контакти и размена на искуства со останатите учесници;
  • Стекнување на нови знаења и идеи за идни активности и развој на GS1Македонија;
  • Зголемување на видливоста и промоција на GS1 Македонија во светски рамки, за што се добиени конкретни признанија од GS1 Global Office.
    На пленарните сесии за Стратегијата на идниот развој беа потенцирани следниве области, кои дефинитивно ќе се усвојат на Генералното Собрание 19-23 мај 2014 во Берлин :
  • Развој на глобални стандарди кои се имплементираат локално;
  • Јакнење на заедничкиот бренд идентитет преку униформирање за сите национални организации на новиот веб темплејт за веб сајтовите, за кој се дискутираше и на посебна работилница- Маркетинг. Конечниот предлог ќе биде усвоен на Генералното Собрание во мај 2014 во Берлин. Целта на измените (кои тимот на GS1 Македонија ќе ги следи преку вебинари) е да се овозможи полесен пристап и зголемена видливост на веб сајтовите и со користење на мобилни уреди;
  • Се воведува нов поим (KPIs), кој означува мерки кои ќе овозможат националните организации да го следат својот прогрес во однос на усвојувањето на стандардите и квалитетот на податоците во своите земји;
  • Да се идентификуваат потребите на потрошувачите и технолошките потреби, врз кои ќе се развива и
  • Глобалната иновативна стратегијска функција на GS1 Global Office;
  • Ќе се разгледаат, ревидираат и иновираат правилата за глобалните стандарди и техничкити водичи за нивна имплементација, со цел да се избегне секоја двосмисленост и различно тумачење.

    Стратегиските сектори и во понатамошен развој се: Трговија (на големо и мало), Прхранбената индустрија, Здравството, Транспортот и логистиката, водени со развојот на GS1 системот ( AIDS, eCom, GDSN, EPC) . Се додава нов приоритетен сектор во развојната стратегија, а тоа е Fresh Foods, - каде што GS1 Македонија како предвесник веќе има забележителни резултати ( со проектот за GS1 DataBar).

   На Регионалнот форум за Европа оддржан во рамките на Глобалниот форум, беа презентирани активности на националните организации од Европа.

   Со светска препознатливост се здоби GS1 Македонија со презентацијата на успешно завршениот Пилот проектот за GS1 DataBar-от и со завземенето трето место според гласовите од сите 110 национални организации за активностите спроведени во однос на популаризацијата на прославата на 40-та годишнина на GS1 Global Office. За тие свои активности и посветеноста кон работата, извршниот директор на GS1 Македонија, Слаѓана Милутиновиќ лично доби пофалби од раководните лица на GS1 Global Office, кои се голем подстрек за целиот тим на GS1 Македонија да продолжи со нови успеси на национално и глобално ниво.