еИнфo
No7 - Ноември 2013


Превземи PDF 

Содржина

Пилот проект за GS1 DataBar

 

Бенефити за учесниците


Претставување на учесниците во Пилот проектот

Веропулос ДООЕЛ Скопје
   “Односите со потрошувачите за нас се долгорочен деловен императив и се од клучна важност за успехот на Веро. Во овие 17 години постоење во нашата земја изградивме огромна база задоволни потрошувачи и го зголемивме квали-тетот на животот, обезбедувајќи повисоки стандарди, подобра услуга и поголема понуда. Производите што се продаваат не само што мора да ги исполнат сите стандарди за квалитет пропишани со закон, туку често мора и да ги задоволат многу построгите стандарди на нашата компанија.
  
  Во таа насока, Веро ги препозна потребите на пазарот за кодификација на производите и услугите и следејќи ги препораките на GS1 организацијата за прифаќање на GS1 DataBar-от на сите наплатни места во Европската унија од 2014 година, отпочна со процес на интегрирање на нова генерација баркодови на своите производи.
 
   Со тоа Веро има производи означени по светски стандарди, поголема контрола на залихите, следејќи ги производите по лот и датум на рок на траење, што ни обезбедува уште поголема доверба кај потрошувачите, како и можност за следење на производите до каса, атрибутите на производите, лесно повлекување на производи со “погрешен” лот и многу други придобивки.

   Нашиот успех зависи од довербата и задоволството на потрошувачите и затоа сме во постојан контакт со нивните желби, користејќи ја најновата технологија, нашата експертиза, умешност и креативност за да ги задоволиме потребите на потро-шувачите кои постојано се менуваат.”

Константинос Теодосиадис,
Генерален директор

    Профил на компанијата

     Почетоците на овој интернационален синџир на супермаркети потекнуваат од 1973 година, кога по примерот на SPAR, фамилијата Veropoulos ја отвара својата продавница на површина од 2.000 м2. По првобитниот успех во наредните 2 децении, бројот на Veropoulos маркети нагло се зголемува, а синџирот на маркети се проширува низ цела Грција.

   Во 1997 година се отвара првиот супермаркет во Скопје, што претставува и една од првите странски инвестиции надвор од Грција. Денес, на територијата на Република Македонија постојат 9 Vero супермаркети во Скопје, Тетово и Битола. Последниот супермаркет Vero 9 е дел од првиот шопинг центар на Veropoulos – Vero center, во Скопје со површина од 40.000 м2.

     Со професионален и софистициран однос, со целосна понуда на услуги и производи и целосно почитување на европските стандарди, Веро синџирот на супермаркети им овозможува на потрошувачите и бизнис партнерите ефикасно задоволување на нивните потреби.
 
     Со мотото “Kупувачот е нашиот шеф”, тимот од 800 вработени ја реализираат стратегијата на Веро за најдобар избор, најдобри цени, најдобра услуга и пософистициран начин на пазарување.