еИнфo
No23 - мај 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Основи на EPC/RFID и EPCIS

Медицинскиот центар при универзитетот од Тенеси, безбедно ги мониторира материјалите во операционите сали преку корпите за отпадоци.

Дали да се имплементира реално временски локациски систем или не!

ДАЛИ ДА СЕ ИМПЛЕМЕНТИРА РЕАЛНО ВРЕМЕНСКИ ЛОКАЦИСКИ СИСТЕМ ИЛИ НЕ

Прашањето дали да се имплементира реално временско локациско решение не треба да биде тешко.

GS1 Каталог

    Вие сте менаџер на болница. На вашето биро пристигнува барање од одделението за интензивна грижа за зголемување на операционалната ефикасност на мобилните средства и обезбедување на подобра усогласеност со регулаторните побарувања. Вие сте свесни дека други болници ја користат RFID технологијата базирана на реално временски локациски системи (RTLS) за следење и менаџирање на средства со голема вредност, и Вие имате прочитано голем број на статии за бенефитите од оваа технологија кој моменталните корисници ги имаат добиено, вклучувајќи ги тука и минимизираните трошоци за изнајмување на опрема и намалување на времето потребно за пронаоѓање на дадена опрема кое персоналот го троши.

    Но исто така сте свесни за предизвикот во кој што сте инволвирани поради тоа што треба да донесете одлука избирајќи меѓу големиот број на технологии и апликациски платформи што се застапени на пазарот. Дали да изберете активен, пасивен со ултра високи фреквенции или да развивате сопствен RFID систем? Дали е паметно новиот систем да се потпира на болничката WI-FI мрежа? Што е со широко опсежниот опсег, ултра звучните или хибридни решенија? Додека секоја од овие технологии имаат свои предности и ограничувања, заедничко за сите овие технологии е што нудат слични бенефити, слично како и различните софтверски платформи кои ги собираат и менаџираат податоците од овие технологии.

    Сакате да направите мудра одлука, но Вие веќе сте преоптоварени со други проекти кои изгледаат поедноставни и помалку ризични. Уште повеќе, со овој проект вие може да заглавите со бескрајни споредливи анализи, кои ќе ја одложат имплементацијата.

    Се имаме запознаено со голем број на менаџери на болници кои се соочуваат со прашањето дали да се имплементира или не RTLS решение и ние секогаш ги охрабруваме да ги надминат своите стравови и да започнат RTL проект. А еве и зошто.

GS1 Каталог

    За разлика од индустријата за продажба, која го има избрано UHF EPC RFID за следење на продукти, индустријата од здравствениот сектор во скоро време нема да избере еден единствен стандард. Изборот на вистинскиот систем беше комплексно во 2010, тој и денес е комплексен а и ќе биде и во наредните пет години. Доколку изберете да седите и чекате што ќе се случи, Вие ќе ги пропуштите заштедите и другите бенефити кои можете да ги постигнете сега.

    Друг аргумент за да ја прифатите оваа технологија е фактот што RTLS технологијата е сигурна и е прилагодена за да ги задоволи болничките барања. RFID провајдерите кои работат во секторот здравство имаат добро документирани „студии на случај“ и искуство во имплементацијата на нивните решенија во болниците, вклучувајќи ја и интеграцијата на RFID податоците во информационите системи на болницата.

    За менаџерите кои сметаат дека трошоците за имплементација на RTLS се превисоки, предлагаме да спроведат анализа за повраток на инвестицијата (ROI). Менаџерите на болниците ќе треба да внимаваат на првичните трошоци на инвестицијата и трошоците за целосно спроведување на истата. Ние веруваме дека менаџерите ќе увидат дека е поскапо да не се инвестира во имплементација на RTLS.

    Точно е дека изборот на RTLS е комплексен, но RTLS овозможува реално временско болничко носење на одлуки и оперативна бизнис интелигенција кои ќе придонесат во заштедувањето како и во зголемувањето на операционалната ефикасност и во зголемувањето и подобрувањето на грижата за пациентите – ова е вистина за било кое техничко решение кое ќе го изберете.