еИнфo
No23 - мај 2015


Превземи PDF 

СОДРЖИНА

Основи на EPC/RFID и EPCIS

Медицинскиот центар при универзитетот од Тенеси, безбедно ги мониторира материјалите во операционите сали преку корпите за отпадоци.

Дали да се имплементира реално временски локациски систем или не!

МЕДИЦИНСКИОТ ЦЕНТАР ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ТЕНЕСИ, БЕЗБЕДНО ГИ МОНИТОРИРА МАТЕРИЈАЛИТЕ ВО ОПЕРАЦИОНИТЕ САЛИ ПРЕКУ КОРПИТЕ ЗА ОТПАДОЦИ.

GS1 Каталог

    Медицинскиот центар при универзитетот во сојузната дежава Тенеси, во Ноксвил (САД), панира да ја прошири употребата на радио фреквентните системи за идентификација за следење на операционите сетови и потрошни материјали во сите свои 36 операциони сали. Решението познато како Continuum OR, е креирано во партнерство со локална софтверска компанија која произведува софтвер за здравство. Пет операциони сали веќе го користат ова решение за следење на секое средство што се користи за секоја операција. Следливоста функционира на тој начин што се отчитуваат RFID таговите кои се сместени на обвивката на средствата, кога пакувањето од искористените средства се фрла во посебна корпа за отпадоци. Медицинскиот центар планира и воведување и користење на фиксни и рачни RFID читачи за попис на медицинските материјали кои се чуваат на полиците во операционите сали, како и за водење на историја кои операциони материјали за кој пациент биле користени.

    До крај на оваа есен се очекува сите 36 операциони сали да бидат опремени со RFID.

    Системот е дизајниран да се погрижи да вистинските материјали и опрема се достапни за хирургот за секоја операциона процедура и потоа да се документира дека точната опрема и материјали се искористени за секој пациент за време на операцијата. До крајот на оваа година Медицинскиот центар очекува да започне и со користење на системот за наплата на пациентите за искористените продукти за време на нивната операција.

GS1 Каталог

    Медицинскиот центар има 36 операциони соби вклучувајќи и пет наменети строго за ортопедски операции. Вкупно 100 хирурзи изведуваат приближно 14,000 операциони процедури годишно, од кои во 4000 се вклучени ортопедски интервенции. Како најголемиот број болници, така и овој медицински центар користи систем со картици на барања на докторот за опремување на секоја операциона сала со вистинската опрема и материјали. Докторот му кажува на персоналот која опрема него или неа ќе им биде потребна за секоја операциона процедура. На денот на операцијата, помошниот персонал врз основ на картицата издадена од докторот го комплетира потребниот материјал и така подготвен заедно со печатена картица го праќа до операционата сала. Околу 50% од материјалите пратени во операционите сали се враќаат неискористени и повеќето се прегрупираат за некоја друга операциска процедура. Понекогаш, материјалите потребни за операцијата за време на процедурата не се во операционата сала, што доведува до доцнење на процедурата и губење на време додека персоналот го бара потребниот материјал. Уште повеќе, персоналот мора рачно да провери дали дадениот материјал е уште употреблив, односно дали датата на употреба не е измината.

    „Ние сакаме комплетно да го редизајнираме системот за управување со материјали во операционите сали“, изјави Becky Ashyn, заменик претседател на Медицинскиот центар при универзитетот во Тенеси.

    Одлучено е да се започне Пилот проект на системот во пет ортопедски операциони сали, бидејќи тие се користени од помала група на хирурзи. Софтверската компанија и болницата на почеток започнуваат со лабораториско тестирање на решението, пред истото да биде инсталирано во корпите за отпадоци во секоја операциона сала. Корпите се опремени со надворешно инсталиран читач со антена која се простира во внатрешноста на корпата. На врвот од корпата е инсталиран монитор на кој што се прикажуваат собраните прочитани податоци, кои подоцна се испраќаат до остатокот од системот за понатамошно процесирање и обработка.

    Дистрибутерот на хируршки материјали самиот го означува со RFID тагови сите материјали кои ги носи без разлика на нивната цена, вклучувајќи ги конците, газите и другите материјали. Компанијата користи пасивни EPC со ултра висока фреквенција (UHF) RFID тагови од различни производители. Продуктите кои се примаат од другите производители, а не се означени со RFID, се означуваат во самата болница со користење на Zebra RFID печатачи – кодери.

    Податоците со кои се кодирани продуктите се претходно веќе внесени во базата на податоци на софтверското решение. Овие информации се испраќаат до софтверот во моментот на првото проверување на RFID таговите и на тој начин се прави линк меѓу секој ID број на тагот и соодветниот продукт.

    Помошниот персонал се уште ги користи докторските картици со побарување за да ги соберат потребните елементи и материјали за секоја операција. Потоа истите ги ставаат во соодветни табли и тие табли ги носат до операционите сали. Персоналот го внесува ID-то на пациентот во софтверот за време на секоја операција. Софтверот ги користи податоците за процедурата како видот на операцијата и докторот кој што ја изведува операцијата, а потоа како што се фрлаат пакувањата на искористените материјали, UHF читачот го чита секој уникатен ID број на материјалот и паралелно пополнува листа со искористени продукти за таа операција.

    Овој софтвер е независен од софтверот за наплата. Во иднина се планира информациите од овој софтвер да се разменуваат со софтверот за наплата со цел да се изготвува точна сметка за секој пациент. Ова се уште не е направено, така да во моментот инсталираниот систем само зачувува податоци за персоналот, за тоа кој продукт е искористен и кога.

    Пилот проектот со петте сали се одвива последниве шест месеци. Една од најважните информации од пилотот, е што е заклучено дека не постои граница на вредност на продукт под која или над која треба или не треба да се означува продуктот. Додека поголем дел од болниците ја користат RFID технологијата за означување само на скапи материјали и скапа опрема, универзитетскиот медицински центар означува се со RFID тагови од газа до инпланти. Ова се прави бидејќи на овој начин системот може да идентификува безбедносни пропусти пред да настане штета предизвикана од нив. На пример, доколку некој материјал е со поминат рок на употреба или треба да биде искористен на одреден пациент, врз основ на видот на операцијата која треба да биде изведена, софтверот појавува аларм на екранот што се наоѓа над корпата за отпадоци со предупредување до персоналот да не го употребува продуктот.

    Вообичаено, кога даден продукт се отпакува и пакувањето се фрли во корпа, продуктот самиот по себе се уште не бил во контакт со пациентот. Од болницата најавуваат дека во иднина планираат да ги скенираат сите продукти ставени или вратени во кутијата за операција, за да се добијат сите податоци пред продуктот воопшто да биде отворен.

    Производителот на софтвер ги избра UHF RFID чиповите наспроти HF RFID, бидејќи за истите да бидат прочитани потребно е некој вработен да го стави читачот во близина на RFID тагот на продуктот со што ќе се наруши нормалното работење со непотребни чекори на персоналот. Самите корпи се изолирани со посебен материјал кој оневозможува читање на RFID тагови од надворешната околина, односно се читаат таговите само на пакувањата кои се фрлени во корпата, без притоа дополнително да се оптоварува персоналот со тоа дали го скенирал или не секој продукт или опрема што ја користел. Единствено нешто што прават различно е тоа што персоналот го фрла искористениот материјал во една поинаква корпа.

    Во изминативе шест месеци, системот базиран на RFID технологијата им овозможи на вработените богата ризница на податоци од која тие прецизно можат да одредат кои материјали се потребни за секоја операција, преку реално прикажување кои материјали се користеле за слична операција во минатото. Болницата уште ги користи докторските картици со барања за потребни материјали и ќе продолжи да ги користи. Со користење на податоците од RFID системот, вработените започнуваат да ги отфрлаат материјалите кои никогаш не се користат за дадена специфична процедура, а со тоа се намалува бројот на непотребно чекори за издавање и враќање на непотребните материјали од магацините.

    „Ни дава подобар увид во тоа што треба а што не во секоја операциона соба“ – изјави Хајдин – медицинска сестра. Како што решението се инсталира и во другите операциони сали, во болницата се тестираат и RFID читачи инсталирани на таваните за добивање на податоци во реално време за тоа што опрема или медикаменти има во секоја соба, а со ова на персоналот им се олеснува процедурата кога бараат некои материјали или опрема за дадена процедура, но не е неопходна во операциониот сет во таа операциона сала. Овие податоци може да се користат и за менаџирање на залихите.

    Дополнително вработените може да користат и рачни читачи за правење на попис на материјалот во една соба или операциона сала, и да утврдат дали некој продукт е со измината дата на употреба. Со овие читачи може да се детектира и материјал кој од одредена причина е повлечен од употреба. Софтверот овозможува да на многу брз начин се идентификува пациент кој можеби добил третман со продукт кој што е повлечен.