Европскиот Комитет за Стандардизација го избра SSCC стандардот на GS1 за да помогне во трансформацијата на прекуграничните испораки на пратки/кутии

GS1 е организација создадена од индустријата, за индустријата, таа е непрофитна, невладина и деловно неутрална. GS1 е создадена со специфична цел – управување со доделување на идентификационите броеви на компаниите и ги развива GS1 стандардите (правилата) ширум светот за употреба на GS1 идентификационите броеви

21 Јуни 2017 – Членовите на Европскиот Комитет за Стандардизација (European Committee for Standardisation - CEN) ги објави Техничките Спецификации (Technical Specification – TS 17073) за Интерфејсите на Поштенските Услуги за прекуграничните пратки

Ова постигнување произлезе како резултат на заедничките напори на претставниците на поштенските организации, онлајн трговците, превозниците и провајдерите на услуги на достава на експрес и пакетни пратки. Тоа е дел од стратегијата на Европската Комисија, „ Дигитален Единствен Пазар: рушење на бариерите кон онлајн можностите“.

„Ова е голем исчекор напред за навистина да се иновира прекуграничната испорака на пратки во Ебропа. Една од главните причини за тешкотиите во испораката на пратките е затвореноста на стандардите, што води до сопственички мрежи и резултира со неповолни пазарни услови за онлајн трговците“, објаснува Волтер Трезек (Walter Trezek), копретседавач на е-Логистика Работната Група на Екомерција Европа, (e-Logistics Working Group of Ecommerce Europe) и водач на CEN на стандаризираната етикета.

Најголема цел е да се трансформираат сервисите за прекуграничната испорака на пакети преку користење на единствена, заедничка етикета за означување која ќе содржи Идентификациски Код на Пратката/Кутијата (parcel identification code).

GS1 е задоволна со назначувањето на GS1 Серискиот Код на Контејнерите за Испорака (GS1 Serial Shipping Container Code - SSCC) од страна на CEN за уникатна идентификација на пратките и овозможување на интероперабилност помеѓу сите партнери во мрежата на испорака. GS1 SSCC е природен избор бидејќи многу компании веќе го користат овој, но и другите GS1 Стандарди во своето работење.

Преку имплементацијата на новата CEN етикета за означување на пратки во формат кој ги користи отворените глобални стандарди, некогаш затворените мрежи сега можат да се поврзат во една од-крај-до-крај мрежа на испорака. Испраќачите ќе можат да ја користат истата етикета за сите пратки. Сите ракувачи со пратките користејќи го SSCC ќе можат полесно да ги следат пратките долж нивниот пат од испраќачот до крајниот корисник и доколку е потребно назад до испраќачот за враќање на истите од страна на корисниците кон испраќачите.

„CEN етикетата за пратки и SSCC воведуваат возбудливи можности за онлајн трговците кои сакаат на купувачите да им понудат инсвонредно искуство на добра испорака и помали трошоци“, вели Мигуел Лопера (Miguel Lopera), претседател и Извршен Директор на GS1.

Претседавачот на GS1 во Европа (GS1 in Europe), Бруно Асето (Bruno Aceto), надополнува велејќи дека „преку користењето на истата етиката и SSCC, компаниите за испорака на пратки можат лесно да соработуваат за да ги задоволат очекувањата на своите корисници во смисла на опции на услугите, флексибилност, видливост и доверба. Исто така на овој начин ќе се елиминираат повеќе различни скапи активности кои не придонесуваат со никаква дополнителна вредност за нивните корисници“.

GS1 и понатаму ќе продолжу да придонесува кон спроведување на иницијатативата на CEN за трансформација на прекуграничното управување со пратките и очекува и отворено ги поздравува можностите за соработка со Ecommerce Europe и други организации за заедничка промоција на сèопшта примена на етикетата за пратки.