GS1 DataMatrix- задолжителен клуч за серијализацијата во Здравството

Одржана работилница во РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ - Скопје

На 21.04.2017 година, GS1 Македонија одржа интерактивна работилница на тема "GS1 DataMatrix- задолжителен клуч за серијализацијата во Здравството" во Реплек Фарм ДООЕЛ–Скопје. На неа присустуваа преку 30 вработени од сите сектори и од менаџерскиот тим.  

Поздравни обраќања и воведни зборови имаа г-ѓа Светлана Нечева, директор за регулаторни активности во Реплек Фарм и г-ѓа Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија. Со видео презентација за техничките карактеристики и бенефити од примената на GS1 DataMatrix-от, како и регионите и земјите во светот во кои е веќе задолжителен, настапи м-р Александар Кедијоски, ИТ експерт од GS1 Македонија. Г-дин Игор Илковски, менаџер во Инфо-код ја презентираше теоретски и практично опремата која е потребна за генерирање, печатење и скенирање на GS1 DataMatrix-от.

Работилницата ја постигна целта да ги запознае вработените во Реплек Фарм ДООЕЛ - Скопје со актуелните предизвици кои се наметнуваат во здравствениот сектор и беше од сите присутни оценет како успешен и многу полезен за нивно навремено информирање со теоретски и практични знаења.

Корисни линкови