Глобален јазик на бизнисот Глобална канцеларија Аплицирај за бар код
Запознајте се со сите настани поврзани со формирањето и функционирањето на GS1 Македонија
Кои се тековните проекти на кои континуирано работи GS1 Македонија во соработка со своите членки?
Запознајте ги лидерите кои имаат огромен придонес во организацијата на GS1 Македонија
Ценовник за користење на GS1 број, GLN број и услуги поврзани со користењето на GS1 стандардите
Станете и Вие дел од семејството на 1200 активни членки на GS1 Македонија.
Хотел Александар Палас (Конгрес сала 2) 28/11/2019 10:00
Почитувани,Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на Третиот отворен ден на GS1 Македонија 2019, на тема:„Со GS1 стандардите за менаџмент во транспортот и логистиката до зголемена конкурентност, бизнис раст и дигитализација “, кој ќе се одржи на 28-ми ноември 2019 (четврток), со почеток во 10:00 часот, во хотел Александар Палас (Конгрес сала 2)GS1 Македонија по трет пат организира отворен ден за бизнис зедницата со атрактивни теми, оваа година поврзани со новите трендови и иновации во областа на транспортот и логистиката. Целта е размена на искуства и успешни практики, како и остварување и зацврстување на деловните контакти. Овој настан е од едукативна и информативна природа, се одржува еднаш годишно и на него без надокнада може да присуствуваат сите заинтересерани компании. GS1 Македонија обезбедува за сите присутни БЕСПЛАТНА брошура “GS1 стандарди за менаџмент во транспорт и логистика“.Шпедитерите и логистичките компании во светот работат во динамично опкружување кое поставува високи барања за економска, еколошка и социјална одржливост. Дигитализацијата го менува однесувањето на потрошувачите, како и производствените и продажните стратегии на индустријата и трговијата. Како резултат на иновациите во процесите и технологијата, се креираат нови логистички решенија. Истовремено иновациите доведуваат и до прегрупирање на учесниците на пазарот, но и на самите пазари. Нашите компании заслужуваат да бидат подготвени да одговорат на новите предизвици со цел да го прошират својот пазар, да стекнат нови деловни партнери и потрошувачи како во Републиката така и надвор од нашите граници.
Најавете се online тука .
Документи:
Настани
Новости