еИнфo
No10 - Февруари 2014


Превземи PDF 

Содржина

Поддршка за усвојувањето на GS1 Стандардите


HL7 го поддржува GS1


GS1-Користењето на SMS за автентификација на лековите мора да биде според глобални стандарди


GS1 Здравство добитници на Way-Paver наградата


Новости од светот

 GS1 Здравство добитници на Way-Paver наградата

   За време на последниот Самит на американската асоцијација на медицински сестри и техничари, кој што се одржа од 24 до 26 април 2013 година во Орландо, Флорида, GS1 Здравство ја доби Way-Paver наградата.

   Од 2006 година, Way-Paver наградата се доделува годишно за исклучителен придонес на организациите и индивидуалците кои помогнале да се овозможи побезбеден начин на нега на пациентите преку бар код технологијата.

    GS1 Здравство ја доби наградата за нејзините напори во подобрување на бар код стандардите, инспирирањето на највлијателните лидери во Здравството во голем број земји и промовирањето на најдобрите практики кои помогнале во имплементирање на подобра нега на пациентите преку баркодирањето.

    GS1 Здравство е првата вистинска глобална организација која ја добива оваа награда. Mark Neuenshwander, ко-основачот на овој самит изјавил:
“Поради континуираните залагања на GS1 Здравство во здравствениот сектор, голем број грешки ќе бидат избегнати и огромен број животи ќе бидат спасени.”